bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Exodus 40
Exodus 40
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 39
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
1
И Господ му рече на Мојсеј велејќи:
2
„Во првиот ден од првиот месец подигни ја скинијата на собранието,
3
потоа постави го таму ковчегот на заветот и засолни го со завесата;
4
внеси ја трпезата, и постави сѐ што треба да се намести на неа; внеси го и светилникот, а стави ги и кандилцата на него;
5
постави го златниот жртвеник за кадење пред ковчегот на заветот; и закачи завеса пред влезот во скинијата.
6
Постави го и жртвеникот за жртви сепаленици пред влезот во скинијата;
7
стави го мијалникот меѓу скинијата и жртвеникот, и налеј вода во него;
8
огради го дворот наоколу, и закачи ја завесата на вратата од дворот;
9
па земи масло за помазание, и помажи ја скинијата и сѐ што има во неа: и освети ја неа и сите принадлежности нејзини, па ќе биде света.
10
Помажи го и жртвеникот за жртви сепаленици и сиот прибор негов, па освети го жртвеникот, и жртвеникот ќе стане пресвет.
11
Помажи го и мијалникот, и подножјето негово, и освети го.
12
Потоа доведи го пред влезот од скинијата Арон и синовите негови и измиј ги со вода;
13
облечи го Арон во светите одежди и помажи го и освети го, за да Ми биде свештеник.
14
Доведи ги и синовите негови, и облечи ги во хитони,
15
и помажи ги, како што го помаза таткото нивни, за да Ми бидат свештеници; и помазанието нивно ќе ги освети за вечно свештенство во нивните поколенија.“
16
И направи Мојсеј сѐ; како што му заповеда Господ, така направи.
17
Во првиот месец од втората година, во првиот ден во месецот се подигна скинијата.
18
Мојсеј ја подигна скинијата: ги постави подножјата нејзини, ги исправи штиците, ги постави напречниците, и ги исправи столбовите;
19
па ги распна платништата над скинијата, а над нив го ставија покривот одозгора, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
20
И, откако го зеде откровението, го стави во ковчегот, и стави ногалки под ковчегот, па го стави очистилиштето одозгора над ковчегот.
21
Потоа го внесе ковчегот во скинијата, и ја закачи завесата, та го засолни ковчегот на заветот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
22
И ја постави трпезата во скинијата на собранието од северната страна на скинијата, пред завесата;
23
потоа постави на неа лебови за принос пред Господ, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
24
Го намести светилникот во скинијата, спрема трпезата, од јужната страна на скинијата,
25
а ги постави и кандилцата пред Господ, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
26
Го постави златниот жртвеник во скинијата, пред завесата,
27
и стави на него да гори мирисно кадиво, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
28
Ја закачи завесата пред влезот во скинијата;
29
потоа го постави и жртвеникот за жртви сепаленици при влезот во скинијата, и принесе на него жртва сепаленица, и лебен принос, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
30
Го намести и мијалникот меѓу скинијата и жртвеникот, и налеа во него вода за миење;
31
и од него Мојсеј и Арон и синовите негови си ги миеја рацете свои и нозете свои;
32
а ги миеја кога влегуваа во скинијата на собранието и кога пристапуваа кон жртвеникот (да служат), како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
33
Го огради и дворот околу скинијата и жртвеникот, и ја стави завесата на влезната врата од дворот. Така ја доврши Мојсеј сета работа.
34
Тогаш облак ја покри скинијата на собранието и се исполни скинијата со слава Господова;
35
и Мојсеј не можеше да влезе во скинијата, зашто облакот го засенуваше, и славата Господова ја исполнуваше скинијата.
36
И секогаш кога се креваше облакот од скинијата, тогаш синовите израилски поаѓаа на пат;
37
а кога не се креваше облакот, тогаш ни тие не поаѓаа сѐ до денот, кога ќе се кренеше,
38
зашто облакот Господов стоеше над скинијата дење, а ноќе во облакот се појавуваше оган пред очите на целиот дом Израилев, при сите нивни патувања.
← Chapter 39
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40