bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Exodus 39
Exodus 39
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 38
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 40 →
1
А од сина, пурпурна и црвена волна направија одежди за служба во светилиштето; му направија и свештени одежди на Арон, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
2
Направија ефод од злато, од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен;
3
исковаа листови од злато, и исекоа нишки, за да ги вткаат вешто меѓу сините, пурпурните, црвените и во ленените нишки;
4
му направија и нараменици што се врзуваат: тие се врзуваат со него на двата негови краја.
5
И појасот на ефодот, од неговата горна страна, беше ист како и тој: од злато, од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
6
И изрезаа и камења од оникс, и ги обрабија со злато, и ги впишаа на нив имињата на синовите Израилеви, како што се прават печати;
7
па ги ставија на нарамениците од ефодот, за спомен на синовите Израилеви, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
8
Направија и наградник, вешто изработен, од иста материја како и ефодот: од злато, од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен;
9
тој беше: четириаголен, двоен, педа долг, и педа широк; двоен го направија наградникот.
10
И наредија на него четири реда камења: во првиот ред: рубин, топаз и смарагд;
11
во вториот ред: антракс, сафир и елмаз;
12
во третиот ред: опал, ахат и аметист;
13
во четвртиот ред: хризолит, оникс и јаспис; и тие беа опковани и обвиени во злато.
14
Камењата беа според бројот на имињата на синовите Израилеви: тие беа дванаесет, според бројот на нивните имиња, и на секој од нив беше изрежано како на печат по едно име, за дванаесетте племиња.
15
И направија за наградникот веришки виени, плетени од чисто злато;
16
направија и две копченца златни и две алчиња златни, и ги ставија двете алчиња на двата краја од наградникот;
17
па ги закачија двете златни веришки за двете алчиња на краевите од наградникот,
18
а другите два краја од двете веришки ги закачија за двете копченца и ги прицврстија на нарамениците од ефодот од предната страна.
19
Направија уште две златни алчиња, и ги ставија на двата краја од наградникот, на внатрешниот раб, свртен спрема ефодот:
20
направија уште две златни алчиња, ги ставија на двата нарамника од ефодот, на неговиот преден крај одоздола, каде што се составува ефодот над појасот;
21
и така го врзаа наградникот со алчињата негови за алчињата од ефодот со сина врвка, плетена, за да стои одозгора над појасот од ефодот и да не се одделува наградникот од ефодот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
22
А за ефодот направија и наметка, од сина ткаенина,
23
и прорез по средината на наметката, како отвор на оклоп, а околу прорезот ширит шиен, за да не се реси.
24
По полите на наметката одоздола направија топченца од сина, пурпурна и црвена волна и пресукан лен.
25
А направија и ѕвончиња од чисто злато, и ги закачија ѕвончињата на полите од наметката наоколу, меѓу топчињата:
26
ѕвонче и топченце, ѕвонче и топченце наоколу по полите на наметката, за служба, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
27
Потоа направија хитони од ткаен лен за Арон и за синовите негови;
28
и кидар од лен и митра од лен, и долна облека од пресукан лен,
29
и појас од пресукан лен од сина, пурпурна и црвена волна – везена работа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
30
И направија плочка, дијадема на светоста, од чисто злато, и издлабија на неа писмо, како што се реже печат „Светиња Господова.“
31
И врзаа за неа сина врвка, за да се врзува на кидарот одозгора, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
32
И така се сврши целата работа околу скинијата. И направија синовите израилски сѐ како што му беше заповедал Господ на Мојсеј, така направија.
33
И ја донесоа кај Мојсеј скинијата, покривката и сиот нејзин прибор: кукичките, штиците, лостовите, столбовите и подножјата.
34
И покривката од црвени, овнешки кожи, и покривката од сини кожи и завесата за засолнување,
35
ковчегот на заветот со лостовите, и очистилиштето,
36
трпезата со сите нејзини принадлежности, и лебот за принос,
37
светилникот од чисто злато со неговите кандилца, кандилцата веќе наредени, и сиот прибор негов, и масло за светење,
38
златниот жртвеник, и маслото за помазание, кадиво мирисно, и завесата за влезот во скинијата,
39
жртвеникот од бакар и решетката од бакар за него, лостовите негови и сите принадлежности негови, мијалникот и подножјето негово,
40
завесите за дворот, столбовите за нив и подножјата нивни, и завесата за влезот во дворот, јажињата и колчињата, и сите работи потребни за служба во скинијата.
41
Одеждите богослужбени за служење во светилиштето, свештените одежди за свештеникот Арон и одеждите за синовите негови, за свештеничка служба.
42
Како што му беше заповедал Господ на Мојсеј, така ги направија синовите на Израил сите тие работи.
43
И ги погледа Мојсеј сите тие работи, и ете, тие ги беа направиле: како што беше заповедал Господ, така ги беа направиле. И ги благослови Мојсеј.
← Chapter 38
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 40 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40