bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Exodus 28
Exodus 28
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 29 →
1
„А ти земи го кај себе Арон, братот твој, со синовите негови, за да Ми бидат свештеници: Арон, Надав, Авиу, Елеазар и Итамар, синови Аронови.
2
И направи му свети одежди на Арон, братот твој, за чест и слава.
3
И кажи им на сите надарени со ум, кои сум ги исполнил со дух на мудрост, да му направат на Арон одежди, за негово посветување, за да Ми биде свештеник.
4
А ова се одеждите што треба да ги направат: наградник, ефод, наметка, везен хитон, кидар и појас. Нека направат свети одежди за Арон, и за синовите негови, за да Ми бидат свештеници.
5
Затоа нека земат злато и сина, пурпурна и црвена волна и чист лен.
6
Па нека направат ефод од злато и од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан чист лен – уметничка изработка.
7
На него два нарамника нека има, кои се врзуваат на двата краја, за да се држат заедно.
8
И појасот на ефодот, што е одозгора, нека биде иста изработка: од (чисто) злато, од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен.
9
И земи два камена оникс, и изрежи ги на нив имињата на синовите Израилеви:
10
шест имиња нивни – на едниот камен, а другите шест имиња – на вториот камен, според редоследот на нивното раѓање;
11
со помош на каменорезец, како гравура врз печат, ќе ги изрежеш на тие два камена имињата на синовите Израилеви.
12
Тие два камена потоа стави ги на нарамениците од ефодот, како камења за спомен на синовите Израилеви: и Арон ќе ги носи имињата на синовите на Израил пред Господ на обете рамења за нивни спомен.
13
Направи и две копчиња од (чисто) злато,
14
потоа (направи) две веришки од чисто злато; направи ги како усукани врвци, па закачи ги плетените веришки за копчињата.
15
И градник судиски направи – уметничка работа; направи го како по составот на ефодот: од злато, од пурпурна, сина и црвена волна и од пресукан лен направи го;
16
четириаголен да биде, двоен, педа долг и педа широк;
17
нареди по него во четири реда скапоцени камења. Во првиот ред: рубин, топаз и смарагд,
18
во вториот ред: антракс, сафир и елмаз;
19
во третиот ред: опал, ахат и аметист;
20
во четвртиот ред: хризолит, оникс и јаспис. Тие треба да бидат поставени во златни рамки.
21
Тие камења со имињата на синовите Израилеви треба да бидат дванаесет, според имињата нивни: нека бидат врежани како печат, со по едно име од бројот на дванаесетте племиња.
22
И на наградникот стави виени веришки, исплетени од чисто злато.
23
Направи и две златни алчиња за наградникот, и двете алчиња прицврсти ги за двата краја на наградникот,
24
па провлечи ги двете златни веришки низ двете алчиња за двата краја од наградникот,
25
а другите два краја од двете веришки закачи ги за двете копчиња и стави ги на нарамениците од ефодот, од предната страна.
26
Направи и уште други две алчиња златни, па стави ги на другите два краја од наградникот, од внатрешната страна на ефодот;
27
а направи и две златни алчиња, и прицврсти ги за двата нарамника на ефодот, одоздола, од неговата предна страна, каде што се соединува, над појасот.
28
Потоа алчињата на наградникот нека се врзат за алчињата на ефодот со сина врвка плетена од волна, та да не се одделува наградникот од ефодот, туку да стои на појасот од ефодот,
29
А Арон ќе ги носи имињата на синовите Израилеви преку наградникот судиски, над срцето свое, кога ќе влегува во светилиштето, за спомен пред Бога (и стави ги над судиите надградниците, плетените веришки, стави ги од двата краја на надградникот, и стави ги двата штита на двете рамења, од нараменикот откај лицето).
30
А во наградникот судиски стави ги Урим и Тумим; и тие ќе бидат над срцето Ароново, кога влегува (во светилиштето) пред Господ; а Арон секогаш ќе го носи над срцето свое судот на синовите Израилеви пред Господ.
31
Направи и наметка кон ефодот, целата сина;
32
одозгора во средината нека има прорез за главата; и нека биде работ на прорезот наоколу опшиен со ткаен ширит, како што се опшива отворот на оклоп, така што наметката да не се реси;
33
и по полите нејзини направи топченца од сина, пурпурна и црвена волна, а наоколу, меѓу нив, и златни ѕвончиња:
34
златно ѕвонче па топче, златно ѕвонче па топче по полите на наметката насекаде наоколу.
35
Неа ќе ја носи Арон, кога ќе служи, за да се слуша гласот од неа кога ќе влегува во светилиштето пред лицето на Господ, а и кога излегува, та да не умре.
36
А направи и плочка од чисто злато, и на неа изрежи како на печат ‚Светиња Господова‘,
37
и да ја врзеш со сина врвца за кидарот, така што да стои од предната страна на кидарот.
38
И ќе биде на челото Ароново, та Арон на себе да ги презема гревовите на приносите, што ги посветуваат синовите израилски, и на сите дарови, што му ги принесуваат тие; и така, таа нека биде секогаш на неговото чело, за да бидат тие секогаш примени од Господ.
39
Направи и хитон од лен, и кидар од лен; а појасот направи го везен.
40
И на синовите Аронови направи им хитони, направи и појаси, и превивки за главата направи им, за чест и слава.
41
Во тоа облечи го Арон, братот твој, и синовите негови со него; помажи ги, исполни им ги рацете, и освети ги, за да ми бидат свештеници.
42
А направи им и долна облека од лен, да се покрие голотијата од телото нивно, од крстот до бедрата;
43
и да ги носи Арон, и синовите негови, кога влегуваат во скинијата, или кога пристапуваат кон жртвеникот за служба во светилиштето, за да не навлечат грев (врз себе), та да не умрат. Тоа нека биде вечен закон за него и за потомството негово по него.“
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 29 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40