bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
1 Samuel 15
1 Samuel 15
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 16 →
1
Потоа Самоил му рече на Саул: „Господ ме испрати да те помазам за цар над Неговиот народ, над Израел; а сега чуј го гласот Господов.
2
Така говореше Господ Саваот: ‚Ќе го казнам Амалик за она што му го направи на Израел, кога му се испречи на патот додека овој излегуваше од Египет.‘
3
Оди сега и нападни го Амалик и истреби сѐ негово, но не земај за себе ништо од нив, туку уништи го и проколни сѐ што е негово; не штеди го, туку предај на смрт од маж до жена, од момче до доенче, од вол до овца, од камила до магаре.“
4
Го собра тогаш Саул народот и го преброи во Телаим. Тие беа двесте илјади Израелци пешаци и десет илјади од Јудиното племе.
5
И дојде Саул до градот на Амаликијците и постави заседа во долината.
6
Па им рече Саул на Кенијците: „Одете, одделете се, излезете од средината на Амаликијците за да не ве погубам со нив, бидејќи вие покажавте благонаклоност спрема сите Израелци кога доаѓаа од Египет.“ И Кенијците се одделија од Амаликијците.
7
И Саул го разби Амалик од Хавила сѐ до пределите на Сур, кој се наоѓа пред Египет,
8
и го зароби жив амаликискиот цар Агаг, и сиот народ го истреби со меч.
9
Но Саул и народот го поштедија Агаг и најдобрите овци, волови и згоените јагниња, и сѐ што е вредно, не го уништија, а го уништија само она што е лошо и безвредно.
10
И дојде слово од Господ кон Самоил:
11
„Жалам што го поставив Саул за цар, бидејќи тој се одврати од Мене и не го исполни зборот Мој.“ Се натажи Самоил многу, Го повикуваше Господа цела ноќ.
12
А изутрината рано Самоил стана и отиде да го пресретне Саул. И му јавија на Самоил дека Саул отишол на Кармил и таму си подигнал споменик, но оттаму се вратил со колата и слегол во Гилгал.
13
Кога Самоил дојде кај Саул, Саул му рече: „Благословен да си од Господ! Јас го исполнив зборот Господов.“
14
Но Самоил рече: „А какво е ова блеење на овци во ушите мои и мукање на волови што го слушам?“
15
Саул одговори: „Ги дотераа од Амалик, зашто народот ги поштеди најдобрите овци и волови за принесување жртви на Господ, твојот Бог; а другото го истребивме.“
16
Самоил му рече на Саул: „Почекај да ти јавам што ми кажа Господ ноќеска.“ А Саул му рече: „Кажувај.“
17
Тогаш Самоил му рече на Саул: „Зарем не беше ти мал пред Него и зар не те постави глава над Израеловите племиња, и Господ те помаза за цар над Израел?
18
И Господ те испрати на пат и рече: ‚Оди и нападни ги Амаликијците и војувај против нив, сѐ додека ги истребиш.‘
19
Зошто тогаш ти не го послуша гласот Господов, а се втурна по грабеж и направи зло пред очите на Господ?“
20
Саул му одговори на Самоил: „Јас го послушав гласот Господов и отидов на пат, каде што ме испрати Господ, и го доведов амаликискиот цар Агаг, а Амаликијците ги истребив,
21
а од пленот: овците и воловите, народот го зеде најдоброто од ограбеното за да Му принесе жртва на Господ, твојот Бог, во Гилгал.“
22
Самоил одговори: „Зар сепалениците и приносите повеќе Му се пријатни на Господ, отколку послушноста на гласот Господов? Послушноста е подобра од жртвата, и покорувањето — подобро отколку овнешкото месо;
23
зашто непокорноста е исто таков грев, какво што е вражањето, а тврдоглавоста е исто како и идолопоклонството. Поради тоа што го отфрли зборот на Господ, затоа и Тој те отфрли за да не бидеш цар над Израел.“
24
И Саул му кажа на Самоил: „Згрешив, бидејќи ја престапив заповедта на Господ и твојот збор; но јас се исплашив од народот и го послушав гласот нивни.
25
А сега симни го од мене мојот грев и врати се со мене за да Му се поклонам на Господ.“
26
А Самоил му одговори на Саул: „Нема да се вратам со тебе, зашто ти го отфрли зборот Господов, и Господ тебе те отфрли за да не бидеш цар над Израел.“
27
Самоил се сврти да си оди. Но Саул се фати за крајот од облеката негова и ја раскина.
28
Тогаш Самоил рече: „Денес Господ го одзеде царството Израелово од тебе и му го даде на твојот ближен, кој е подобар од тебе.
29
Светецот Израелов не лаже и не се предомислува, бидејќи Тој не е човек, та да се предомисли.“
30
И рече Саул: „Згрешив; но направи ми сега чест пред старешините на мојот народ и пред Израел, и врати се со мене, и јас ќе Му се поклонам на Господ, твојот Бог.“
31
Самоил се врати по Саул, и Саул Му се поклони на Господ.
32
Потоа Самоил рече: „Доведете ми го амаликискиот цар Агаг.“ Агаг, растреперен, се приближи до него, и рече Агаг: „Дали е ова горчината на смртта?“
33
Но Самоил рече: „Како што мечот твој ги лишуваше жените од децата, така и мајка ти меѓу жените нека биде лишена од син.“ И го исече Самоил Агаг пред Господ во Гилгал.
34
Самоил отиде во Рама, а Саул отиде во домот свој во Гива Саулова.
35
И Самоил веќе не се виде со Саул до денот на својата смрт; но Самоил патеше по Саул. А Господ зажали што го постави Саул за цар над Израел.
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31