bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
1 Samuel 22
1 Samuel 22
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 23 →
1
И Давид отиде оттаму и избега во Адуламската пештера, а кога слушнаа браќата негови и сиот татков дом негов, дојдоа таму кај него.
2
Се собраа кај него сите подјармени, сите должници и сите душевно огорчени, и тој им стана началник; и со него беа околу четиристотини души.
3
Оттаму Давид отиде во Мицпа, град моавски, и му рече на моавскиот цар: „Татко ми и мајка ми нека останат кај вас, додека да разберам што ќе направи Бог со мене.“
4
И ги доведе кај моавскиот цар, и тие живееја кај него за сето време додека Давид беше во она прибежиште.
5
Но пророкот Гад му рече на Давид: „Не останувај во ова прибежиште, туку оди, оди во земјата Јудина.“ И Давид замина и отиде во гората Херет.
6
Саул слушна дека Давид се појавил со луѓето што беа со него. Саул тогаш седеше во Гива, под омориката на ридот, со копје во раката, и опколен од сите свои слуги.
7
И им рече Саул на слугите свои што беа околу него: „Чујте, Венијаминови синови! Зарем Јесеевиот син ќе ви даде на сите вас ниви и лозја и сите вас ќе ве постави за илјаданачалници и заповедници над сто војници,
8
та сите сте се здоговориле против мене, и никој не ми јави, кога синот мој се спријателил со синот на Јесеј, и никој од вас не ме пожали и не ми соопшти дека син ми го поттикнал против мене мојот слуга да ми поставува стапици, како што се гледа сега?“
9
Едомецот Доег, кој стоеше со Сауловите слуги, одговори и рече: „Јас видов, кога Јесеевиот син доаѓаше во Нов кај Ахимелех, синот на Ахитув,
10
и тој Го праша за него Господ, му даде храна, му го даде и мечот на Филистеецот Голијат.“
11
Тогаш испрати царот да го повикаат свештеникот Ахимелех, синот Ахитувов, и целиот татков дом негов, свештениците што беа во Нов. И сите тие дојдоа кај царот.
12
Саул рече: „Слушни, сине Ахитувов!“ Тој одговори: „Еве ме, господаре.“
13
А Саул го запраша: „Зошто сте се договориле против мене, ти и Јесеевиот син, та си му дал лебови и меч и си Го прашал Бога за него за да стане против мене и да ми поставува стапици, како што се гледа сега?“
14
Ахимелех му одговори на царот и рече: „Кој од сите твои робови е толку верен како Давид? Тој е и царев зет, и исполнител на твоите заповеди, и почитуван во домот твој?
15
Сега за првпат ли Го прашувам Бога за него? Но не обвинувај го во тоа, царе, слугата свој и целиот дом на мојот татко, зашто во целата таа работа твојот слуга не знае ништо, ниту мало, ниту големо.“
16
Но царот му рече: „Ахимелех, ти треба да умреш, ти и целиот дом на твојот татко.“
17
И царот им рече на телохранителите што стоеја до него: „Одете, убијте ги свештениците Господови, зашто и нивната рака е со Давид, и тие знаеја дека тој избегал, а не ни јавија.“ Но царските слуги не сакаа да кренат раце за да ги убијат свештениците Господови.
18
Тогаш царот му рече на Доег: „Оди ти и убиј ги свештениците!“ И Доег Едомецот отиде, ги нападна свештениците и во тој ден уби осумдесет и пет мажи што носеа ленен ефод,
19
го нападна со меч и Нов, свештеничкиот град; уби со меч мажи и жени, момчиња и девојчиња, волови, магариња и овци.
20
Се спаси само еден од синовите на Ахимелех, Ахитувовиот син, по име Авијатар, и избега кај Давид.
21
Авијатар му раскажа на Давид дека Саул ги уби свештениците Господови.
22
А Давид му рече на Авијатар: „Јас знаев оној ден, кога таму беше Едомецот Доег дека тој бездруго ќе му јави на Саул; јас сум виновен за сите души од домот на твојот татко.
23
Остани кај мене, не плаши се, зашто како што ја бара душата моја, ќе ја бара и твојата душа; ти ќе бидеш кај мене под заштита.“
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 23 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31