bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
1 Samuel 30
1 Samuel 30
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 29
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 31 →
1
На третиот ден, откако Давид и луѓето негови тргнаа за Циклаг, Амаликијците го нападнаа Циклаг од југ, го презедоа и го изгореа со оган;
2
жените, пак, и сите што беа во него, од мал до голем, не ги убија, туку ги одведоа во плен и отидоа по патот свој.
3
Се приближи Давид и луѓето негови до градот, и ете, тој е изгорен со оган, а жените нивни, синовите нивни и ќерките нивни се земени во плен.
4
Давид и народот што беше со него, почнаа да викаат и да плачат, додека имаше сила во нив за плачење.
5
Беа земени во плен и двете жени Давидови: Ахиноам, јизреелката, и Авигеја, поранешната Навалова жена, од Кармил.
6
Давид беше многу збунет, бидејќи народот сакаше да го убие со камења; зашто сиот народ страдаше во душата, секој за синовите свои и за ќерките свои.
7
Но Давид се закрепи со надежта во Господ, својот Бог; и му рече Давид на свештеникот Авијатар, синот на Ахимелех: „Донеси ми го ефодот.“ И Авијатар му го однесе ефодот на Давид.
8
Давид Го праша Господа, велејќи: „Да го гонам ли тоа мноштво, и ќе ги стигнам ли?“ А одговорот му беше: „Гони, ќе стигнеш и ќе ги избавиш.“
9
И тргна Давид, тој и шестотини мажи што беа со него; и дојдоа до потокот Бесор, каде што изморените застанаа.
10
И ги гонеше Давид, тој сам со четиристотини души; а двестете души останаа, зашто немаа сила да го преминат Бесорскиот поток.
11
Најдоа еден Египќанин во полето, го доведоа кај Давид, му дадоа леб да јаде, и го напоија со вода;
12
и му дадоа дел од низа смокви и два грозда суво грозје, и тој јадеше и се поткрепи, зашто не беше јадел леб и не беше пиел вода три дни и три ноќи.
13
Тогаш Давид го праша: „Чиј си ти и од каде си?“ Тој одговори: „Јас сум момок Египќанец, слуга на еден Амаликиец, и мојот господар ме остави, бидејќи се разболев, има веќе три дни;
14
ние навлеговме во јужниот дел од територијата на Керетијците и во областа Јудина и во јужниот дел од територијата на Халев, а Циклаг го изгоревме со оган.“
15
А Давид го запраша: „Ќе ме одведеш ли до тие луѓе.“ Тој одговори: „Заколни ми се во Бога дека нема да ме убиеш и нема да ме предадеш во рацете на господарот мој, и јас ќе те одведам до тие луѓе.“
16
Давид му се заколна, и тој ги поведе. И ете, Амаликијците, распрснати по целата таа земја, јадеа и пиеја и празнуваа поради големиот плен што го беа зеле од земјата филистејска и од земјата јудејска.
17
И ги нападна и ги убиваше Давид од утринските мугри до вечерта на другиот ден, и никој од нив не се спаси, освен четиристотини момчиња што се качија на камили и избегаа.
18
И Давид одзеде сѐ што беа зеле Амаликијците, ги зеде Давид и двете жени свои,
19
и не се изгуби кај нив ништо, ни мало, ни големо, ни синови, ни ќерки, ни пленот — ништо од она што го беа зеле од нив Амаликијците: сѐ врати Давид.
20
И Давид го зеде сиот ситен и крупен добиток; и неговите луѓе одеа пред тој добиток и говореа: „Ова е Давидов плен.“
21
Давид дојде кај оние двесте души, кои немаа сила да одат по нив, и кои ги беше оставил кај потокот Бесор, и тие излегоа да го пречекаат Давида и луѓето, кои беа со него. Давид се приближи до тие луѓе и ги поздрави.
22
Тогаш лошите и неранимајковците што беа оделе со Давид, почнаа да зборуваат: „Поради тоа што тие не одеа со нас, нема да им дадеме од пленот што го одзедовме; секој нека си ја земе само жената и децата и да си оди.“
23
Но Давид рече: „Не правете така, браќа мои, откако Господ ни го даде тоа и нѐ зачува и ни го предаде во рацете мноштвото луѓе што доаѓаше против нас.
24
И кој ќе ве послуша во тоа? Каква е честа на оние што одеа во војна, таква чест треба да има и за оние што останаа во логорот; меѓу сите треба да се подели.“
25
Така стана тоа, од тоа време и понатаму; и тој го постави тоа како закон и правило за Израел до денес.
26
И дојде Давид во Циклаг и од пленот им испрати на старешините Јудини, свои пријатели, велејќи: „Ете ви подарок од пленот, земен од непријателите Господови.“
27
Им испрати и на оние што се во Ветил и во Рамот во Негев, и во Јатир,
28
во Ароер, во Шифемот, и на оние во Ештемоа,
29
на оние во Рахал и во градовите јерахмелитски и кениски,
30
во Хорма, во Бор-Ашан и во Атах
31
и во Хеврон, и по сите места, каде што Давид беше одел, тој и луѓето негови.
← Chapter 29
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 31 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31