bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
1 Samuel 4
1 Samuel 4
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 5 →
1
Во тоа време Филистејците се со браа да војуваат против Израел. И излегоа во војна Израелците против Филистејците и поставија логор кај Евен-Езер, а Филистејците поставија логор кај Афек.
2
И Филистејците се наредија за борба против Израелците; почна борбата, и Филистејците ги разбија Израелците, и загинаа од нив на бојното поле околу четири илјади души.
3
Тогаш народот дојде во логорот; и старешините Израелови рекоа: „Зошто Господ нѐ порази денес пред Филистејците. Да си го земеме од Силом ковчегот на заветот Господов, и тој ќе оди среде нас и ќе нѐ спаси од раката на непријателите наши.“
4
И народот испрати луѓе во Силом, па го донесоа оттаму ковчегот на заветот на Господ Саваот, Кој седи на херувими; а покрај ковчегот на заветот Божји беа двајцата синови на Илиј: Офни и Финес.
5
И кога пристигна во логорот ковчегот на заветот Господов, сиот Израел воскликна толку гласно што земјата трепереше.
6
И Филистејците ги слушнаа радосните извици и рекоа: „Зошто ли се тие радосни извици во логорот на Евреите?“ И дознаа дека во логорот пристигнал ковчегот Господов.
7
И се уплашија Филистејците, бидејќи си рекоа: „Бог дошол кај нив во логорот.“ И рекоа: „Тешко нам, зашто такво нешто не се случило никогаш порано.
8
Тешко нам! Кој ќе нѐ спаси од раката на Оној силен Бог? Тоа е Оној Бог што удри по Египќаните со секакви неволји во пустината.
9
Стегнете се, о Филистејци, и бидете храбри за да не станете робови на Евреите, како што се тие во ропство под вас! Бидете мажи и борете се со нив!“
10
И Филистејците удрија, Израелците беа разбиени, и секој избега во шаторот свој. Поразот беше многу голем; од Израелците паднаа триесет илјади пешаци.
11
Ковчегот Божји беше земен, а обајцата Илиови синови, Офни и Финес, загинаа.
12
А еден од Венијаминовите потомци побегна од местото на битката и дојде во Силом истиот ден. Облеката му беше испокината и главата во прав.
13
Кога тој пристигна, Илиј седеше на стол до вратата и гледаше кон патот, бидејќи срцето му трепереше за ковчегот Божји. И кога тој човек пристигна и јави во градот, целиот град високо повика.
14
Илиј го слушна плачењето и рече: „Каква врева е тоа?“ И човекот веднаш се приближи и му соопшти на Илиј.
15
Илиј тогаш беше на деведесет и осум години; и очите му беа ослабеле, и тој не можеше да гледа.
16
И човекот му рече на Илиј: „Јас дојдов од логорот, денес избегав од местото на битката.“ И рече Илиј: „Што стана, синко?“
17
И известителот одговори и рече: „Израел избега пред Филистејците, голем пораз претрпе, и двајцата твои синови, Офни и Финес, загинаа, а ковчегот Божји е запленет.“
18
Кога тој спомна за ковчегот Божји, Илиј падна од столот крај вратата на грб, си го скрши вратот и умре; бидејќи тој беше стар и тежок. Тој беше судија на Израел четириесет години.
19
Снаата негова, жената на Финес, беше бремена, веќе пред раѓање. Кога ја слушна веста дека ковчегот Божји е запленет и дека свекорот нејзин и мажот нејзин умреле, се свитка на колена и роди, бидејќи ѝ дојдоа болките.
20
И кога таа умираше, жените околу неа ѝ говореа: „Не плаши се, ти роди син.“ Но таа не одговараше и не обрнуваше внимание.
21
И го нарече новороденчето Ихавод, мислејќи: „Си отиде славата од Израел“ — со запленувањето на ковчегот Божји, а и со смртта на свекорот нејзин и мажот нејзин.
22
Таа затоа рече: „Отиде славата од Израел, бидејќи ковчегот Божји е запленет.“
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31