bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Judges 13
Judges 13
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 14 →
1
Израеловите синови пак правеа зло пред Господ, и Господ ги предаде во рацете на Филистејците за време од четириесет години.
2
Во тоа време имаше еден човек од Цора, од Дановото племе, по име Маној; жена му беше неплодна и немаше деца.
3
И ангел Господов ѝ се јави на жената и ѝ рече: „Ете, ти си неплодна и немаш деца; но ќе зачнеш и ќе родиш син;
4
затоа пази се, не пиј вино и друг алкохолен пијалак и не јади ништо нечисто;
5
зашто, ете, ќе зачнеш и ќе родиш син, и брич нема да ја допре главата негова, зашто од самата мајчина утроба тоа младенче ќе биде назир Божји, и ќе почне да го спасува Израел од рацете на Филистејците.“
6
Жената дојде и му кажа на мажот свој, велејќи: „Човек Божји дојде кај мене, и лицето му беше како лице на ангел Божји, многу страшно; јас не го прашав од каде е, и тој не ми го кажа името свое;
7
тој ми рече: ‚ете, ќе зачнеш и ќе родиш син; затоа не пиј вино и друг алкохолен пијалак и не јади ништо нечисто, бидејќи детето од самата мајчина утроба па до смртта своја ќе биде посветено на Бога.‘“
8
И Маној Му се помоли на Господ и рече: „Господи! Нека дојде пак кај нас човекот Божји што си го испратил, и нека нѐ научи како да постапиме со детето што ќе се роди.“
9
Бог ја слушна молитвата на Маној, и ангелот Божји пак дојде кај жената, кога таа беше во полето, а Маној, мажот нејзин, не беше со неа.
10
Жената во тој момент потрча и му јави на мажот свој и му рече: „Ете, ми се јави човекот, кој порано дојде кај мене.“
11
Маној стана и тргна со жена си, и дојде кај оној човек и му рече: „Ти ли си човекот што говорел со оваа жена?“ И тој рече: „Јас.“
12
И рече Маној: „И така, нека се исполни зборот твој, но како да постапуваме со тоа дете, и што да правиме со него?“
13
Ангелот Господов му кажа на Маној: „Нека се чува тој од сѐ она, за кое ѝ говорев на жената;
14
нека не јаде ништо од она што лозата го раѓа; нека не пие вино и друг алкохолен пијалак, да не јаде ништо нечисто и да внимава на сѐ што ѝ заповедав.“
15
А Маној му рече на ангелот Господов: „Дозволи ми да те задржам, додека да зготвиме јаре.“
16
Ангелот Господов му рече на Маној: „И да ме задржиш, јас нема да јадам твој леб; ако, пак, сакаш да Му принесеш жртва на Господ, принеси Му.“ Маној не знаеше дека е тоа ангел Господов.
17
Маној пак го праша ангелот Господов: „Како ти е името, за да те прославам, кога ќе се исполни зборот твој.“
18
Ангелот Господов му одговори: „Зошто прашуваш за името мое? Тоа е чудно.“
19
И го зеде Маној јарето и лебниот принос и Му ги принесе на Господ врз камен. И Тој изврши чудо, кое го видоа Маној и неговата жена.
20
Кога почна пламенот да се издига од жртвеникот кон небото, ангелот Господов се издигна во жртвениот пламен. Откако го видоа тоа, Маној и жената негова паднаа ничкум на земјата.
21
И ангелот Господов стана невидлив за Маној и жената негова. Тогаш Маној дозна дека тоа беше ангел Господов.
22
И ѝ рече Маној на жената своја: „Бездруго ќе умреме, бидејќи Го видовме Бога.“
23
Жената му рече: „Ако Господ сакаше да нѐ умртви, не би примил од рацете наши жртва сепаленица и лебен принос, и не би ни го покажал сето она, а сега не би ни го открил ова.“
24
И жената роди син и го нарече со името Самсон. И детето растеше, и Господ го благословуваше.
25
И Духот Господов почна да дејствува во него во Дановиот логор, меѓу Цора и Ештаол.
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21