bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Judges 14
Judges 14
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 15 →
1
И отиде Самсон во Тимна и таму виде мома од филистејските ќерки.
2
Тогаш тој отиде и им јави на татко си и на мајка си и рече: „Видов во Тимна девојка од филистејските ќерки; земете ми ја за жена.“
3
Татко му и мајка му рекоа: „Зар нема мома меѓу ќерките на браќата твои и во сиот народ, па одиш да земеш жена од необрезаните Филистејци?“ А Самсон му одговори на татко си: „Неа земи ми ја за жена, бидејќи таа ми се свиде.“
4
Татко му и мајка му не знаеја дека тоа е од Господ, и дека тој бара изговор да им се одмазди на Филистејците; во тоа време Филистејците владееја над Израел.
5
И отиде Самсон со татко си и мајка си во Тимна, и кога се приближуваа до лозјата на Тимна, ете еден млад лав, рикајќи му доаѓаше во пресрет.
6
И Духот Господов слезе врз него, и тој го раскина лавот како јаре; а во раката негова немаше ништо. И не им кажа на татко си и на мајка си што направи.
7
И дојде и поразговара со девојката, и таа му се допадна на Самсон.
8
По неколку дена, тој пак отиде, за да ја земе, и наврати да го види трупот на лавот, и ете, рој пчели на трупот од лавот и мед.
9
Тој зеде од медот во рацете свои, тргна и јадеше по патот; и кога дојде кај татко си и мајка си, им даде и ним, и тие јадеа; но не им кажа дека тој мед го зел од трупот на лавот.
10
Дојде и татко му кај девојката, и таму Самсон приреди гозба, како што обично прават младоженците.
11
И штом го видоа таму, избраа триесет свадбени другари, кои ќе бидат кај него.
12
И им рече Самсон: „Ќе ви поставам една гатанка: ако ми ја одгатнете во текот на седум дена додека трае гозбава и ја погодите точно, ќе ви дадам триесет кошули и триесет промени;
13
ако, пак, не можете да ја одгатнете, вие ќе ми дадете триесет кошули и триесет промени.“ Тие му рекоа: „Постави ја гатанката, да ја чуеме.“
14
И им рече: „Од јадачот излезе јадење, и од силниот излезе слатко.“ И три дена не можеа да ја одгатнат гатанката.
15
На седмиот ден тие ѝ рекоа на Самсоновата жена: „Премисли го мажот твој, да ни ја одгатне гатанката; инаку ќе те изгориме со оган тебе и домот на таткото твој; зар нѐ поканивте да нѐ ограбите.“
16
И плачеше пред Самсон жената негова, велејќи: „Ти ме мразиш и не ме сакаш; ти им зададе гатанка на синовите на мојот народ, а мене не ми ја одгатнуваш.“ Тој ѝ рече: „На татко ми и на мајка ми јас не им ја одгатнав, на тебе ли да ти ја кажам?“
17
И плачеше таа пред него седум дена, додека траеше гоштевањето нивно. Најпосле на седмиот ден тој ѝ ја одгатна, бидејќи таа упорно го молеше. А таа им ја кажа гатанката на синовите на нејзиниот народ.
18
И на седмиот ден пред зајдисонце му рекоа граѓаните: „Што е послатко од мед, и што е посилно од лав?“ Тој им рече: „Да не бевте орале со мојата јунечка, немаше да ја одгатнете гатанката моја.“
19
И Духот Господов слезе врз него, и тој отиде во Ашкелон, каде што уби триесет мажи, ги соблече од нив алиштата, им ги даде промените на оние што ја беа одгатнале гатанката; и се расрди многу, па отиде во куќата на таткото свој.
20
А жената на Самсон му ја дадоа на неговиот свадбен другар, кој му беше пријател.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21