bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Judges 18
Judges 18
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 17
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 19 →
1
Во тие денови Израел немаше цар; и во тоа време, пак, Дановото племе си бараше дел, каде да се насели, зашто дотогаш не му беше паднал полн дел меѓу израелските племиња.
2
И Дановите синови испратија од племето свое петмина храбри мажи, од Цора и од Ештаол, за да ја прегледаат земјата и да ја испитаат, и им рекоа: „Одете, проучете ја земјата!“ Тие дојдоа во Ефремовата Планина, близу до домот на Миха, и таму ноќеваа.
3
Откако влегоа во домот на Миха, тие го познаа гласот на младиот левит, влегоа таму и го прашаа: „Кој те доведе овде? Што правиш тука? Зошто си овде?“
4
Тој им одговори: „Така и така направи за мене Миха, ме најми, и јас сум му свештеник.“
5
Тие тогаш му рекоа: „Прашај Го Господ Бог за да знаеме, успешен ли ќе биде патот наш, по кој сме тргнале.“
6
Свештеникот им рече: „Одете со мир; пред Господ е патот ваш, по кој сте тргнале.“
7
И петмината мажи тргнаа, и дојдоа во Лаис, и видоа дека тамошниот народ живее спокојно, според обичајот на сидонците, дека е тих и безгрижен, и дека нема во оваа земја, кој да онеправда во нешто, или да има власт: тој народ живееше далеку од сидонците и со никого немаа никаква работа.
8
И кога се вратија кај браќата свои во Цора и Ештаол, и браќата нивни ги запрашаа: „Што направивте?“
9
Тие одговорија: „Станете да одиме против нив; ние ја видовме земјата, таа е многу убава. Што, вие се двоумите? Не задржувајте се и тргнете да ја завладееме таа земја;
10
а кога ќе тргнете, ќе дојдете кај еден народ безгрижен, и таа земја е широка; Бог ја предава во ваши раце; местото е такво што нема скудности во нешто што дава земјата.“
11
И тргнаа оттаму, од Цора и од Ештаол, шестотини мажи од Дановото племе вооружени.
12
Тие тргнаа и поставија логор во Кирјат-Јарим, во Јудеја. Затоа и до денес она место го нарекуваат Данов логор. Тој е од онаа страна на Кирјат-Јарим.
13
Оттука тие тргнаа кон Ефремовата Планина и дојдоа кај домот на Миха.
14
И петмината мажи што беа оделе да ја прегледаат земјата докај Лаис, им рекоа на браќата свои: „И дали знаете дека во еден од тие домови има ефод, серафим, идол и излеана статуа? И така, помислете што да се прави.“
15
И навратија таму и влегоа во домот на младиот левит, во домот на Миха, и го поздравија.
16
А шестотините Данови синови, вооружени, стоеја кај вратата.
17
Петмината, пак, мажи што беа оделе да ја обиколат земјата, отидоа, влегоа таму, го зедоа идолот и ефодот, серафимот и излеаната статуа. А свештеникот стоеше кај вратите со шестотините души, вооружени.
18
Кога влегоа во домот на Миха и го зедоа идолот, ефодот, серафимот и излеаната статуа, свештеникот им рече: „Што правите?“
19
Тие му одговорија: „Молчи, стави ја раката на устата своја и оди со нас и биди ни татко и свештеник; подобро ли ти е да бидеш свештеник во домот на еден човек, отколку да бидеш свештеник во Израелово племе и род?“
20
Свештеникот се зарадува, го зеде ефодот, серафимот и идолот, и тргна со народот.
21
Тие свртеа и тргнаа, и ги испратија напред децата, добитокот и тешките предмети.
22
Кога се оддалечија од домот на Миха, жителите, соседи на Миховиот дом, се собраа и се втурнаа по Дановите синови
23
и викаа по Дановите синови. Дановите синови се свртеа и му рекоа на Миха: „Што ти е, што викаш толку?“
24
Миха одговори: „Ми ги зедовте боговите што бев ги направил, и свештеникот, и си заминавте. Што ми остана уште, па велите: што ти е?“
25
А Дановите синови му рекоа: „Да не се чуе гласот твој повеќе, инаку, некој од нас, ако се налути, ќе те нападне, и ти ќе си ја загубиш душата своја и челадта своја.“
26
И Дановите синови тргнаа по патот; а Миха, откако виде дека се тие посилни од него, си тргна назад и се врати во домот свој.
27
А тие откако го зедоа она што го беше направил Миха, и свештеникот, кој беше со него, отидоа во Лаис против спокојниот и безгрижен народ, и го поразија со меч, а градот го изгореа со оган.
28
Немаше кој да помогне, зашто тој беше оддалечен од Сидон и со никого немаше работа. Тој град се наоѓаше во долината што е близу до Бет-Рехов. И изградија одново град и се населија во него.
29
Тие го нарекоа градот со името Дан, според името на нивниот предок Дан, Израеловиот син; а порано тој град се викаше Лаис.
30
И Дановите синови си поставија идол; Јонатан, пак, синот на Гершом, Манасиев син, тој и синовите негови, беа свештеници во Дановото племе сѐ до денот, кога жителите на онаа земја се преселија;
31
и си имаа идол што беше направен од Миха, за сето време, додека домот Божји се наоѓаше во Силом.
← Chapter 17
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 19 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21