bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Judges 7
Judges 7
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 8 →
1
Јероваал, односно Гедеон, и сиот народ што беше со него, тргнаа рано утрината и се сместија кај Ен-Харод; мидјанскиот, пак, логор беше на север од него, кај ридот Море, во долината.
2
И Господ му рече на Гедеон: „Со тебе има многу народ, не можам да ги предадам Мидјаните во негови раце за да не се возгордее Израел пред Мене и да каже: ‚мојата рака ме спаси‘.
3
Затоа разгласи да чуе народот, и кажи: ‚Кој страхува и е плашлив, нека се врати и веднаш нека оди на гората Галаад.‘“ И се вратија од народот дваесет и две илјади мажи, а десет илјади останаа.
4
И му рече Господ на Гедеон: „Народ сѐ уште има многу; одведи ги кај водата, таму ќе ти ги одберам; за кого ќе речам: ‚да оди со тебе‘, нека оди со тебе; а за кого ќе ти кажам: ‚не треба да оди со тебе‘, нека не оди.“
5
Тој го одведе народот кај водата. И му рече Господ на Гедеон: „Кој лока вода со јазикот свој, како што лока куче, него стави го настрана, исто така и сите оние што клекнуваат за да пијат вода.“
6
И бројот на оние што локаа со уста од рака, изнесуваше триста мажи; а сиот друг народ клекнуваше на коленици, за да пие вода.
7
И му рече Господ на Гедеон: „Со тие триста што локаа, ќе ве спасам и ќе ви ги предадам Мидјаните во рацете ваши, а сите други нека си одат секој во своето место.“
8
И тие ја зедоа храната од народот за себе и трубите нивни, и Гедеон ги пушти сите Израелци да се вратат дома, а задржа кај себе триста души. Мидјанскиот логор, пак, беше подолу од него — во долината.
9
Во онаа ноќ Господ му рече: „Стани, слези во логорот, зашто ти го предадов во твои раце.
10
Ако, пак, се плашиш да слезеш сам, оди во логорот со Пура, слугата свој;
11
и ќе слушнеш што зборуваат, и тогаш ќе се зацврстат рацете твои, и ќе слезеш во логорот.“ И слегоа тој и Пура, слугата негов, до војниците, што беа во логорот.
12
А Мидјаните и Амаликијците и сите жители од исток се беа сместиле по долината во големо множество, како скакулци; камилите нивни беа безброј, беа многу — како песокот на морскиот брег.
13
Гедеон дојде. И ете, еден му го раскажува сонот на друг и вели: „Сонив дека еден тркалезен јачменов леб се тркала по мидјанскиот логор и откако се отркала до шаторот, удри во него така што тој падна, го собори, и шаторот се растури.“
14
Другиот му одговори: „Тоа не е ништо друго, туку мечот на Гедеон, синот на Јоас, Израелецот; Бог ги предал во рацете негови Мидјаните и целиот логор.“
15
Откако го слушна прикажувањето за сонот и толкувањето негово, Гедеон се поклони, се врати во израелскиот логор и рече: „Станувајте! Господ го предаде во рацете ваши мидјанскиот логор.“
16
И ги распореди тристоте мажи во три чети и на сите им даде по една труба и празни стомни и во стомните свеќи.
17
И им рече: „Гледајте ме мене и правете го истото; ете, ќе се доближам до логорот, и што ќе правам јас, тоа правете го и вие.
18
Кога јас и тие што се со мене ќе затрубиме со труба, трубете и вие со вашите труби околу целиот логор и викајте: ‚За Господ и за Гедеон!‘“
19
И дојде Гедеон со стоте мажи кои беа со него до крајот од логорот, околу почетокот на средната стража, ги разбудија стражарите, затрубија со трубите и ги скршија стомните што беа во рацете нивни.
20
И затрубија сите три чети со труби, и ги скршија стомните, и ги држеа во левата рака свеќите, а во десната рака трубите, трубеа и викаа: „Меч Господов и Гедеонов!“
21
И секој стоеше на местото свое околу логорот; тогаш во целиот логор се растрчаа, развикаа и почнаа да бегаат.
22
Додека тие триста мажи трубеа со труби, Господ го сврте мечот на секого против другарот негов по целиот логор, и војската бегаше до Бет-Шита кај Церера, сѐ до пределите на Авел-Мехола, близу до Табат.
23
Тогаш Израелците од племето Нефталимово, Асирово и од целото племе Манасиево беа повикани и се впуштија по Мидјаните.
24
А Гедеон испрати гласници по целата Гора Ефремова да кажат: „Излезете им во пресрет на Мидјаните и заземете им ги премините во водите на Јордан до Бет-Бара.“ И беа повикани сите Ефремци, и ги зазедоа премините во водите на Јордан до Бет-Бара;
25
и ги фатија двајцата мидјански кнезови: Орев и Зев; Орев го убија кај Карпата на Орев, а Зев — кај Зевова Преса, и ги гонеа Мидјаните; главите, пак, на Орев и Зев му ги однесоа на Гедеон од онаа страна на Јордан.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21