bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Proverbs 11
Proverbs 11
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 12 →
1
Неисправните мерила се одвратни пред Господ, а точните мерки Нему Му се угодни.
2
Ќе дојде ли гордоста, ќе дојде и срамот, но мудроста е со смирените.
3
Непорочноста на простодушните ќе ги раководи, а лукавството на подмолните ќе ги погуби.
4
Богатството нема да помогне во денот на гневот, а правдата ќе спаси од смрт.
5
Правдата на непорочниот го израмнува неговиот пат, а нечестивиот ќе падне поради својата нечесност.
6
Правдата на простодушните ќе ги спаси, а беззакониците ќе бидат уловени од своето беззаконие.
7
Со смртта на нечестивиот човек, исчезнува надежта негова, и очекувањето на беззакониците загинува.
8
Праведникот се спасува од неволја, а место него во неа паѓа нечестивиот.
9
Лицемерниот го погубува со уста ближниот свој, а праведниците се спасуваат со знаење.
10
Кога праведниците живеат во благосостојба, градот се радува, а кога загинуваат безбожниците, настанува веселба.
11
Со благословот на праведните градот се издига, а преку устата на нечестивите се разрушува.
12
Малоумниот искажува презир кон ближниот свој, но разумниот човек молчи.
13
Кој оди да озборува, издава тајна, но верниот човек ја чува тајната.
14
Каде што нема водство, народот пропаѓа, а при многу советници живее во благосостојба.
15
Кој се застапува за друг, зло си донесува, а кој го мрази давањето гаранција, тој е во безопасност.
16
Добрата жена спечалува слава, а работливиот човек се здобива со богатство.
17
Милосрдниот човек си прави добро на душата своја, а жестокиот по срце го руши телото свое.
18
Безбожникот врши измамлива работа, а на оној што сее правда, наградата му е вистинска.
19
Праведноста води кон живот, а кој се стреми кон зло, се стреми кон смртта своја.
20
Подмолните по срце се одвратни пред Господ, а непорочните во својот пат Нему Му се благоугодни.
21
Можеш со сигурност да речеш дека порочниот нема да остане неказнет, а семето на праведните ќе се спаси.
22
Она што е златна алка на носот кај свињата, тоа е жена убава, но без разум.
23
Праведните сакаат само добро, а нечестивите ги очекува гнев.
24
Еден раздава штедро, и уште му се додава; а друг преку мера е скржав, и пак е сиромав.
25
Добротворната душа ќе биде наситена, и кој напојува други, и тој самиот ќе биде напоен.
26
Кој задржува храна за себе, него народот го проколнува; а кој ја продава — врз главата негова стои благослов.
27
Кој се стреми кон добро, тој бара благоволение; а кој бара зло, него и го снаоѓа.
28
Оној што се надева на богатството свое, ќе пропадне; а праведниците како зелено дрво ќе напредуваат.
29
Кој ја запустува куќата своја, ќе наследи ветар, а неразумниот му е слуга на мудриот.
30
Плодот на праведникот е дрво на животот, а мудриот придобива човечки души.
31
Ако на праведникот му се плаќа на земјата, дотолку повеќе на нечестивиот и на грешниот.
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 12 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31