bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Proverbs 17
Proverbs 17
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 18 →
1
Подобро сув залак и со него мир, отколку куќа полна со заклан добиток, но во раздор.
2
Разумен слуга господари над развратен и со браќата ќе го подели наследството.
3
Среброто и златото со оган се испитуваат, а срцата Господ самиот ги испитува.
4
Лош човек се вслушува во беззакона уста; а лажливец — во злонамерен јазик.
5
Кој се подбива со сиромав, Создателот негов го навредува; кој се радува на зло, нема да остане неказнет.
6
Синовите на синовите се венец на старите, а слава за децата се родителите нивни.
7
На безумниот умен збор не му прилега, уште повеќе на големец — лажлива уста.
8
Дарот е скапоцен камен во очите на оној што го дава: каде и да се сврти, ќе успее.
9
Кој ги покрива престапите, бара љубов, а кој одново напомнува за нив, оддалечува дури и пријател.
10
Врз разумниот посилно дејствува прекор, отколку врз глупавиот сто удари со стап.
11
Лошиот човек бара само зло, затоа жесток ангел ќе биде испратен против него.
12
Подобро човек да сретне мечка, чии мечиња се грабнати, отколку безумен во неговото безумство.
13
Кој враќа зло за добро, злото нема да ја напушти куќата негова.
14
Почеток на караницата е како кога водна брана се отвора: отстапи од караницата пред да се разгори.
15
Кој оправдува грешен и кој обвинува праведен — и обајцата се одвратност пред Господ.
16
Што ќе му се пари во рацете на безумен за да купи мудрост, кога во него нема разум?!
17
Пријателот сака во секое време и како брат ќе се јави во време на неволја.
18
Неразумен човек подава рака и станува гарант за ближниот свој.
19
Кој сака караници, го сака гревот, и кој високо ја издига вратата своја, бара да падне.
20
Подмолно срце нема да најде добро, и лукав јазик ќе западне во беда.
21
Кому се родил глупак, тешко нему. За таткото на безумен нема радост.
22
Веселото срце е благотворно како лек, а паднатиот дух коски суши.
23
Не се прави патиштата на нечесните што земаат поткуп; тие го искривуваат патот на правосудието.
24
Мудроста е пред лицето на разумниот, а очите на безумниот се на крајот од земјата.
25
Глупав син е мака за таткото и огорчување за мајката.
26
Не е добро да казнуваш праведен, ниту да тепаш началник.
27
Разумниот е воздржан во зборовите свои, а одмерениот е трпелив и спокоен.
28
И безумниот кога молчи, за мудар го сметаат, и кој ја затвора устата своја — за разумен го сметаат.
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 18 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31