bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Proverbs 27
Proverbs 27
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 28 →
1
Не фали се со утрешниот ден, зашто не знаеш, што ќе роди тој ден.
2
Нека те фали друг, а не устата твоја, — туѓ, а не јазикот твој.
3
Тежок е каменот, тежок е и песокот; но гневот на глупавиот е потежок и од едното — и од другото.
4
Лут е гневот, нескротлива е јароста; но кој ќе издржи против зависта?
5
Подобро отворено разобличување, отколку сокриена љубов.
6
Искрени се прекорите од оној, кој сака, а лажливи се бакнежите од оној, кој мрази.
7
Сита душа го гази и восочниот мед, а на гладна душа и горчливото ѝ е слатко.
8
Она што е птицата, што го напуштила гнездото свое, тоа е човекот, кој го напуштил местото свое.
9
Маслото и темјанот го радуваат срцето; така е сладок пријателот со неговиот срдечен совет.
10
Не напуштај го пријателот свој, ниту пријателот на таткото твој, и не му оди на братот во куќата негова во денот на неволјата твоја; подобро сосед во близина, отколку брат надалеку.
11
Биди мудар, синко, и радувај го срцето мое, — и јас ќе имам што да му кажам на оној, што ме клевети.
12
Умниот го гледа злото и го одбегнува; а неискусните одат невнимателно и биваат казнувани.
13
Земи му ја облеката, зашто се заложил за туѓинец; и за туѓинката земи од него залог.
14
Кој со силен глас го поздравува пријателот свој од рано утро, поздравот негов ќе се прифати како клетва.
15
Непрестајно капење од стреа во дождлив ден и жена кавгаџика се едно исто:
16
кој сака да ја задржи, тој сака да задржи ветар и со својата рака масло да фати.
17
Железо железо остри, и човек на човека гневот го изострува.
18
Кој ја чува смоквата своја, ќе ги јаде плодовите нејзини, и кој го чува господарот свој, ќе биде почитуван.
19
Како што е во водата лице спроти лице, така е и срцето на човека спроти човек.
20
Пеколот и бездната не можат да се наситат: така се ненаситни и очите човечки.
21
Она што е топилницата за среброто и печката за златото, тоа се за човекот устите, што го фалат.
22
Безумниот да го толчиш со железо во дибек заедно со зрната, — безумието нема да се оддели од него.
23
Добро надгледувај го добитокот свој, води грижа за стадата свои;
24
како што богатството не е вечно, така и власта не трае довека.
25
Тревата никнува, и зеленило се јавува, па се собираат билки горски,
26
тогаш овците треба да ти бидат тебе за облека, и козите — за купување ниви;
27
ќе имаш доволно козјо млеко за тебе и за твоите домашни за храна и на твоите слугинки за исхрана.
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 28 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31