bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Revelation 14
Revelation 14
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 15 →
1
Потоа видов: ете, Јагнето стои на гората Сион, и со Него сто четириесет и четири илјади, што го имаа на челата свои напишано името на Неговиот Отец.
2
И чув глас од небото како шум од многу води и како звук од силен гром; чув глас на харфисти што свират на харфите свои
3
и како да пеат нова песна пред престолот и пред четирите животни и старешините; и никој не можеше да ја научи таа песна, освен оние сто четириесет и четири илјади, кои беа откупени од земјата.
4
Тие се оние што не се осквернија со жена, бидејќи се девствени; тие се оние што го следеа Јагнето каде и да оди, Тие се откупени меѓу луѓето, првенци на Бога и на Јагнето,
5
и во устата нивна измама не се најде; тие се непорочни пред престолот Божји.
6
И видов друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ.
7
Тој зборуваше со висок глас: „Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори!“
8
И друг ангел се појави по него, велејќи: „Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство!“
9
И трет ангел по него наиде, зборувајќи со висок глас: „Кој ќе му се поклони на ѕверот и на бистата негова, и прими белег на челото свое или на раката своја,
10
тој ќе пие од виното на јароста Божја, вино неразводнето, излеано во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур пред светите ангели и пред Јагнето.
11
Димот од мачењето нивно ќе се издига во сите векови; нема да имаат мир ни дење, ни ноќе оние што ќе му се поклонат на ѕверот и на неговата биста, и што ќе го примат белегот на неговото име!“
12
Тука е трпението на светиите; тука се оние што ги пазат заповедите Божји и верата во Исус.
13
Чув глас од небото како да ми вели: „Напиши — блажени се мртвите кои отсега умираат во Господ! Да — вели Духот — нека се одморат од трудот свој, зашто делата нивни ги следат!“
14
И видов: ете, светол облак, и на облакот седеше сличен на Синот Човечки; на главата Своја Тој имаше златен венец, а во раката — остар срп.
15
И друг ангел излезе од храмот и извика со силен глас на Оној што седеше на облакот: „Замавни со српот и жнеј, зашто дојде твојот час за жетва: бидејќи житото на земјата е зрело!“
16
И Оној што седеше на облакот го фрли српот свој на земјата и земјата беше пожнеана.
17
И друг ангел излезе од храмот, што се наоѓаше на небото, и имаше исто така остар срп.
18
И друг ангел, кој имаше власт над огнот, излезе од жртвеникот и со силен глас извика кон оној што имаше остар срп, велејќи: „Фрли го српот свој и обери го грозјето од земното лозје, зашто зрната му се веќе зрели!“
19
И ангелот го фрли српот свој на земјата, го обра земното лозје и го фрли во големата каца на Божјиот гнев,
20
и се изгмечи кацата надвор од градот, и потече крв од кацата дури до уздите на коњите, на илјада и шестотини стадии.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22