bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Revelation 21
Revelation 21
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 22 →
1
И видов ново небо и нова земја, зашто поранешната земја помина, и морето го немаше веќе.
2
Тогаш јас, Јован, го видов светиот град Ерусалим, нов, како слегува од Бога, од небото, стокмен како невеста променета за својот маж.
3
И чув висок глас од небото како зборува: „Ете го светиот шатор, светилиштето на Бога меѓу луѓето, и Тој ќе живее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив — нивниот Бог.
4
И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.“
5
И Седнатиот на престолот рече: „Ете, сѐ ново создавам.“ И ми рече: „Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни.“
6
Потоа ми рече: „Се сврши! Јас (сум) Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум.
7
Кој победува, ќе наследи сѐ, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син.
8
А на плашливците и неверниците, на поганите и убијците, на блудниците и маѓесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото што гори со оган и сулфур, тоа е втората смрт.“
9
Тогаш дојде кај мене еден од седумте ангели, што ги држеа седумте чаши, полни со седумте последни казни, ми прозборе и рече: „Дојди, ќе ти ја покажам невестата — жената на Јагнето.“
10
Па ме одведе преку Духот во една голема и висока гора и ми го покажа големиот град, светиот Ерусалим, кој слегуваше од небото — од Бога,
11
и имаше Божја слава; светлината негова прилегаше на најскапоцен камен, како светол камен јаспис;
12
тој имаше големи и високи ѕидови, дванаесет порти, а над нив дванаесет ангели и напишани имињата на дванаесетте колена на синовите Израелови:
13
спроти исток — три порти, спроти север — три порти, спроти југ — три порти, спроти запад — три порти.
14
Ѕидовите на градот имаа дванаесет темели, и врз нив имињата на дванаесетте апостоли на Јагнето.
15
Оној што зборуваше со мене имаше златна трска за да го измери градот и портите негови и ѕидовите негови.
16
Градот беше четириаголен, а должината му е колку што и широчината. Тој го измери градот со трската и најде дека изнесува дванаесет илјади стадии; должината, широчината и височината негова — еднакви.
17
Потоа ги измери ѕидовите негови, што беа сто четириесет и четири лакти, со мерка човечка која е и ангелска.
18
Ѕидовите му беа изградени од јаспис; а градот — од чисто злато, како чисто стакло.
19
Темелите на градските ѕидови беа украсени со секаков вид скапоцени камења: првиот темел — јаспис, вториот — сафир, третиот — халкидон, четвртиот — смарагд,
20
петтиот — сардоникс, шестиот — сард, седмиот — хрисолит, осмиот — вирил, деветтиот — топаз, десеттиот — хрисопрас, единаесеттиот — хијацинт, дванаесеттиот — аметист.
21
А дванаесетте порти беа дванаесет бисери: секоја порта беше од еден бисер; улиците на градот беа од чисто злато како проѕирно стакло.
22
Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Јагнето се неговиот храм.
23
И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлува, а светило му е Јагнето.
24
И спасените народи ќе одат по неговата светлина, и царевите земни ќе ја принесат во него својата слава и чест.
25
А портите негови нема да се заклучуваат дење, бидејќи таму нема да има ноќ.
26
И ќе ја внесат во него славата и честа на народите;
27
и нема во него да влезе ништо нечисто, ни оној кој врши гнасни работи и лаже, а само оние кои се запишани во книгата на животот на Јагнето.
← Chapter 20
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 22 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22