bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Revelation 16
Revelation 16
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 17 →
1
И чув од храмот висок глас како им вели на седумте ангели: „Одете, излејте ги седумте чаши со гневот Божји на земјата!“
2
И отиде првиот ангел и ја излеа чашата своја на земјата; и по луѓето, што го имаа белегот на ѕверот и се поклонуваа на неговата биста, се појавија лоши и лути рани.
3
И вториот ангел ја излеа чашата своја во морето: и тоа стана како крв од убиен човек; и сѐ живо изгина во морето.
4
Третиот ангел ја излеа чашата своја во реките и во изворите водни, и тие се претворија во крв.
5
Потоа го чув ангелот на водите како вели: „Праведен си, Господи, Кој си, Кој беше, Свет си, зашто така пресуди,
6
бидејќи тие пролеаја крв на светии и пророци, и Ти им даде да пијат крв — заслужуваат!“
7
И чув друг како зборува од жртвеникот: „Да, Господи Боже Седржителе, вистинити и праведни се Твоите пресуди!“
8
Четвртиот ангел ја излеа чашата своја врз сонцето; и му се даде да ги жари луѓето со оган.
9
И силна жега ги опфати луѓето, и го похулија името на Бога Кој има власт над тие зла, и не се покајаа да Му оддадат слава.
10
Петтиот ангел ја излеа чашата своја врз престолот на ѕверот; и царството негово се помрачи и луѓето ги гризеа јазиците свои од болка
11
и Го проколнуваа небесниот Бог поради болките и раните свои, но не се покајаа за делата свои.
12
Шестиот ангел ја излеа чашата своја во големата река Еуфрат; и пресуши водата нејзина за да се приготви патот за царевите од сончевиот исток.
13
И видов кога од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби;
14
зашто тоа се ѓаволски духови кои прават чуда; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во оној голем ден на Бог Седржителот.
15
„Ете, Јас доаѓам како крадец; блажен е оној кој бдее и пази на алиштата свои за да не оди гол и да не се гледа срамот негов!“
16
И ги собра на местото наречено по еврејски Армагедон.
17
Седмиот ангел ја изли чашата своја на воздухот; и од престолот на небесниот храм се пронесе силен глас кој извика: „Се сврши!“
18
И имаше светкавици, громови и гласови, и стана силен земјотрес, таков голем и силен потрес, каков што немало откако има луѓе на земјата.
19
Големиот град се раздели на три дела, и градовите на незнабошците паднаа; а великиот Вавилон се спомна пред Бога за да му се даде чашата со вино од јароста на Неговиот гнев.
20
Сите острови исчезнаа, и гори веќе не се гледаа.
21
И град, голем како талант, падна од небото на луѓето; а луѓето Го проколнуваа Бога поради злото од градот, зашто тоа зло беше многу големо.
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22