bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Revelation 6
Revelation 6
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 7 →
1
И видов кога Јагнето скрши еден од седумте печати, и чув едно од четирите животни кое проговори како со глас на грмотевица: „Дојди и види!“
2
И видов, ете, бел коњ, и на него јавач со лак; и Му беше даден венец, и тој излезе како победник, за да победи.
3
А кога го извади вториот печат, го чув како проговори второто животно: „Дојди и гледај!“
4
И излезе друг коњ, црвен; и на јавачот му беше дадено да го одземе мирот од земјата, та еден со друг да се убиваат; и му беше даден голем меч.
5
А кога се отвори третиот печат, чув како проговори третото животно: „Дојди и види!“ И видов, ете вран коњ, а на него јавач со мерила во раката своја.
6
И чув глас сред четирите животни, кој зборуваше: „Шиник пченица за денариј, и три шиника јачмен за денариј; а растителното масло и виното ќе ги нема!“
7
И кога се раскрши четвртиот печат, го чув гласот на четвртото животно кое рече: „Дојди и гледај!“
8
И видов. И ете сив коњ, а на него јавач, чие име беше смрт; и адот врвеше по него, и му се даде власт над четвртина од земјата — да убива со меч и глад, со помор и земни ѕверови.
9
А кога го симна петтиот печат, под жртвеникот ги видов душите заклани заради словото Божјо и за сведоштвото, што го имаа
10
и викаа со висок глас, велејќи: „До кога, Севишен, свети и вистинити, нема да судиш и да им се одмаздуваш за нашата крв на оние што живеат на земјата?“
11
И на секого од нив им се дадоа бели облеки, и им се рече да починат уште малку време, додека не се дополни бројот на нивните сотрудници и браќа, што ќе бидат убиени, како и тие.
12
И видов, кога се крена шестиот печат. И, ете, настана голем земјотрес, и сонцето стана црно како вреќа од кострет, и месечината стана како крв;
13
ѕвездите, пак, небесни паднаа на земјата, како што смоквата лулана од силен ветар, ги исфрла пупките свои;
14
и небото исчезна како свиткана хартија, и секоја гора и секој остров се поместија од местата свои;
15
и царевите земни, и благородниците, и богатите, и војводите, и силните, и секој роб и слободен се скрија во пештери и горски камењари,
16
велејќи им на планините и на карпите: „Паднете врз нас и скријте нѐ од лицето на Оној Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето,
17
зашто дојде големиот ден на Неговиот гнев, и кој може да опстане?“
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22