bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Peter 1
1 Peter 1
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 2 →
1
Петар, апостол на Исус Христос, до избраните што се наоѓаат во Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија,
2
избрани според предзнаењето на Бога Отецот, преку осветувањето од Духот, за послушност кон Исус Христос и поросување со Неговата крв: нека ви се умножат благодатта и мирот!
3
Нека е благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој по Својата голема милост нѐ прероди за жива надеж преку воскресението на Исус Христос од мртвите,
4
за непропадливо, неосквернето и неовенливо наследство, запазено на небесата за вас,
5
кои сте сочувани со Божјата сила преку верата за спасение, подготвено да се открие во последното време.
6
Во него радувајте се, дури и ако сега е потребно малку да тагувате поради разновидни искушенија,
7
та испитувањето на вашата вера да се покаже подрагоцено од пропадливото злато, кое се испитува преку оган, за да се најде за пофалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос,
8
Кого Го љубите, иако не сте Го виделе, и во Кого верувајќи, а сега не гледајќи Го, се радувате со неискажлива и преславна радост,
9
примајќи ја крајната цел на вашата вера – спасението на душите.
10
Тоа спасение го бараа и испитуваа пророците што прорекоа за благодатта во вас.
11
Тие испитуваа, кое или какво време им посочуваше Христовиот Дух, Кој беше во нив, однапред сведочејќи за Христовите страдања и славата што следува по нив.
12
Ним им беше откриено дека тие не служат за себеси, туку за вас во тоа што сега вам ви беше објавено преку оние кои ви благовестеа во Светиот Дух испратен од небото, во кое копнеат да ѕирнат и ангелите.
13
Затоа, препашете ги бедрата на вашата помисла, бидете трезвени и имајте надеж во благодатта што ќе ви биде принесена при откровението на Исус Христос.
14
Како чеда на послушанието, не сообразувајте се со поранешните ваши похоти, кои ги имавте кога бевте во незнаење.
15
Но, како што Оној што ве повика е свет, и вие бидете свети во сите ваши постапки.
16
Зашто е напишано: „Бидете свети, бидејќи Јас сум свет.“
17
Па ако Го нарекувате Отец Оној, Кој непристрасно суди според сечие дело, тогаш поминувајте го времето на вашиот овдешен престој во стравопочит,
18
знаејќи дека не со пропадливи сребро или злато сте избавени од суетниот начин на живеење, предаден од вашите татковци,
19
туку со скапоцената крв на како јагне непорочниот и чист Христос,
20
Кој беше предназначен уште пред создавањето на светот, а се појави во последните времиња заради вас,
21
кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, та вашата вера и надеж да ви бидат во Бога.
22
Откако ги очистивте своите души со послушност кон вистината преку Духот, во нелицемерно братољубие, постојано љубете се еден со друг со чисто срце,
23
како преродени не од пропадливо семе, туку од непропадливо, преку словото на Бога, што живее и останува довека.
24
Зашто секое тело е како трева, и секоја човечка слава – како цвет од трева: се исушува тревата, и нејзиниот цвет паѓа;
25
но Господовиот збор останува довека. А тоа е зборот кој ви е благовестен.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5