bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Peter 3
1 Peter 3
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 4 →
1
Исто така и вие, жените, покорувајте им се на своите мажи, та, дури и оние што не му се послушни на словото, да бидат придобиени без слово, преку поведението на своите жени,
2
откако ќе го видат вашето однесување коешто е во стравопочит и чистота.
3
Таквото поведение да не биде надворешно, односно со плетење на косите, китење со злато или облекување на убави облеки,
4
туку скришно, во срцето на човекот, во непропадливоста на кроткиот и тих дух, зашто тоа е скапоцено пред Бога.
5
Зашто така некогаш се украсуваа себеси и светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на своите мажи,
6
како што Сара му беше послушна на Авраам, нарекувајќи го господар. Вие сте нејзини чеда, ако правите добро и не се боите од никакво заплашување.
7
Исто и вие, мажите, живејте разумно со нив, давајќи им почит како на послаб сад, како на сонаследници на благодатниот живот, за да не бидат попречувани вашите молитви.
8
А најпосле, бидете сите едномислени, сочувствителни, братољубиви, милосрдни, смиреномудрени;
9
не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив, благословувајте, знаејќи дека за тоа сте повикани, за да наследите благослов.
10
„Зашто, кој сака да го љуби животот и сака да види добри денови, нека го пази својот јазик од зло, и неговите усни да не зборуваат лаги.
11
Нека одбегнува зло и нека прави добро, нека бара мир и нека се стреми кон него –
12
бидејќи очите на Господ се вперени кон праведните, и Неговите уши – кон нивните молитви, а лицето на Господ е против оние кои прават зло.“
13
И кој ќе ви направи зло, ако го подражавате доброто?
14
Но, ако и страдате за правда, блажени сте; не плашете се од нивното заплашување и не тревожете се;
15
туку Господ Бог почитувајте Го во своите срца, а бидете секогаш подготвени со кротост и стравопочит, за одговор на секого што од вас ќе побара сметка за вашата надеж.
16
Имајте чиста совест, та со тоа, што ве клеветат како злосторници, да се посрамат тие што ве кудат поради вашиот добар живот во Христос.
17
Зашто, ако ѝ е угодно на волјата Божја, подобро е да страдате правејќи добро, отколку вршејќи лошо.
18
Бидејќи и Христос еднаш пострада за гревовите, Праведниот за неправедните, за нас да нѐ доведе кај Бога; Тој беше умртвен по тело, но оживеа преку Духот.
19
Со Него отиде да им проповеда и на духовите кои беа в затвор,
20
кои некогаш не се покорија кога Божјата долготрпеливост ги очекуваше, во времето на Ное, при правењето на ковчегот, во кој малкумина, односно осум души се спасија преку водата.
21
Таа преку образот на крштевањето и сега нѐ спасува, но не со отстранувањето на телесната нечистотија, туку со барањето на чиста совест од Бога, преку воскресението на Исус Христос,
22
Кој, откако се вознесе на небото, е оддесно на Бога, а Кому Му се покоруваат ангелите, властите и силите.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5