bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Peter 4
1 Peter 4
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 5 →
1
И така, бидејќи Христос пострада за нас во тело, и вие вооружете се со истата мисла; зашто оној што пострадал во тело, тој прекинал со гревот,
2
та преостанатото време на животот во тело да не го проживее веќе со човечки похоти, туку според волјата Божја.
3
Зашто доволно е што изминатото време од животот ја извршувавте волјата на незнабошците, одејќи во разврат, похоти, пијанство, гозби, опивања и нечестиви идолослуженија.
4
Затоа ве хулат, чудејќи се што заедно со нив не итате во тој краен разврат;
5
тие ќе одговараат пред Оној Кој е подготвен да им суди на живите и на мртвите.
6
Зашто и на мртвите им беше благовестено, та да им биде судено како на луѓе во тело, а да живеат по Бога во духот.
7
Но, се приближи крајот на сѐ, па бидете целомудрени и трезвени во молитвите.
8
А пред сѐ, имајте усрдна љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови.“
9
Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување.
10
Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат.
11
Ако некој зборува, словата нека му бидат како од Бога; ако некој служи, нека служи според силата која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог преку Исус Христос, чија слава и владеење се вечни. Амин!
12
Возљубени, не чудете се на огнот што се случува меѓу вас за да ве искуша, како нешто необично да ви се случува.
13
Но, штом учествувате во Христовите страдања, радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава да се зарадувате и развеселите.
14
А ако ве укоруваат поради Христовото име, блажени сте, зашто Духот на славата и Духот Божји почива на вас; тие, значи, хулат на Него, а вие Го прославувате.
15
Никој, пак, од вас да не страда како убиец, или крадец, или злосторник, ниту како таков што се меша во туѓи работи;
16
но, ако страда како христијанин, да не се срами, туку да Го прославува Бога за таквиот удел.
17
Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото благовестие?
18
И кога праведникот одвај се спасува, тогаш каде ќе се јават нечестивите и грешниците!?
19
И така, оние што страдаат според волјата Божја, нека Му ги предадат своите души, како на верен Создател, правејќи добро.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5