bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Peter 2
1 Peter 2
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
1
Така, откако ќе отфрлите од себеси секаква злоба и секаква измама, и сите лицемерства, завидувања и клеветења,
2
како новородени деца бидете желни за чистото словесно млеко, та преку него да пораснете за спасение,
3
бидејќи вкусивте дека Господ е добар.
4
Пристапувајќи кон Него, живиот камен, од луѓето отфрлен, но од Бога избран, драгоцен,
5
и самите вие, како живи камења, се вградувате во духовен дом, за да станете свето свештенство, за да принесете духовни жртви, благопријатни на Бога преку Исус Христос.
6
Зашто во Писмото е напишано: „Еве, на Сион поставувам аголен камен, избран и драгоцен; и оној кој верува во Него, нема да се посрами!“
7
Така за вас, кои верувате, Тој е скапоценост, а за неверниците – „Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник“,
8
и камен од кој тие се препнуваат и карпа на соблазната, на која се сопнуваат зашто се непокорни на словото, за што и беа одредени.
9
Но вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина;
10
вие, кои некогаш не бевте народ, а сега сте народ Божји; кои не бевте помилувани, а сега сте помилувани.
11
Возљубени, ве молам, како туѓинци и придојдени, да се воздржувате од телесните похоти кои војуваат против душата.
12
Однесувајте се добро меѓу незнабошците, та тие, за тоа за што ве клеветат како злотворци, штом ќе ги видат вашите добри дела, да Го прослават Бога во денот на Неговата посета.
13
Така, заради Господ, покорувајте се на секоја човечка власт: било на царот, како на врховна власт,
14
било на управниците како на испратени од него за да ги казнат злосторниците, а да ги пофалат добротворците!
15
Зашто, ова е волјата Божја: со добротворство да го замолкнуваме незнаењето на безумните луѓе,
16
како слободни, но не како такви што ја употребуваат слободата како покривка за злото, туку како Божји слуги.
17
Почитувајте го секого, браќата љубете ги, бојте се од Бога, царот почитувајте го!
18
Слуги, покорувајте им се на своите господари со сета стравопочит, не само на добрите и кротките, туку и на суровите!
19
Зашто ова е благоугодно – ако некој, заради свесноста за Бога, ги поднесува жалостите, страдајќи неправедно.
20
Зашто, каква ли е пофалбата, ако трпеливо поднесувате кога ве тепаат поради вашите престапи? Но, ако правите добро и трпеливо страдате, тоа е угодно пред Бога.
21
Зашто за тоа сте повикани, бидејќи и Христос пострада за вас, оставајќи ви пример за да врвите по Неговите стапки:
22
Тој не направи грев, ниту, пак, во Неговата уста се најде измама;
23
кога Го навредуваа, Тој не им одвраќаше со навреди; кога страдаше, не се закануваше, туку се препушташе на Оној што суди праведно.
24
Тој Самиот во Своето тело ги понесе нашите гревови на дрвото, та умирајќи за гревовите да живееме за правдата. Преку Неговите рани се исцеливте.
25
Зашто бевте како изгубени овци, но сега се вративте кон Пастирот и Пазителот на вашите души.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5