bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Timothy 1
1 Timothy 1
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 2 →
1
Павле, апостол на Исус Христос, по заповед на Бога, нашиот Спасител, и на Господ Исус Христос, нашата надеж,
2
до Тимотеј, моето вистинско чедо во верата: благодат, милост и мир од Бога, нашиот Отец, и од Христос Исус, нашиот Господ!
3
Тргнувајќи за Македонија те замолив да останеш во Ефес, за да им заповедаш на некои да не проповедаат друго учење,
4
ниту да се занимаваат со приказни и бескрајни родословија, кои повеќе предизвикуваат препирања, отколку Божјо наѕидување во верата.
5
А целта на оваа заповед е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера.
6
Некои, откако не ги постигнаа тие работи, скршнаа во празнословија,
7
и сакаат да бидат законоучители, но не го разбираат ниту она што го зборуваат, ниту она што уверено го тврдат.
8
Ние знеме дека Законот е добар, ако некој го применува правилно,
9
знаејќи дека Законот не е востановен за праведникот, туку за беззакониците и непокорниците, за нечестивите и грешниците, за неправедните и осквернителите, за таткоубијците и мајкоубијците, за човекоубијците,
10
за блудниците, за мажите што легнуваат со мажи, за трговци со робје, за нарушители на заклетви, за лажливци, и за сѐ друго, што му е спротивно на здравото учење,
11
според славното благовестие на блажениот Бог, кое ми е мене доверено.
12
Му благодарам на Христос Исус, нашиот Господ, Кој ми даде сила, зашто ме сметаше за верен, поставувајќи ме на служба,
13
мене, кој порано бев богохулник, гонител и насилник. Но, бев помилуван, бидејќи тоа го правев од незнаење, во неверие,
14
а благодатта на нашиот Господ се преумножи во мене со верата и љубовта во Христос Исус.
15
Верно и достојно за целосно прифаќање е словото кое вели дека Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, од кои првиот сум јас.
16
Заради тоа и бев помилуван, за прво на мене Исус Христос да ја покаже сета долготрпеливост, за пример на оние што ќе поверуваат во Него за вечен живот.
17
А на Царот на вековите, на Нераспадливиот, Невидливиот, Единствениот Мудар Бог, нека е чест и слава во вечни векови. Амин!
18
Оваа заповед ти ја доверувам, чедо Тимотее, според претходно изречените пророштва за тебе, па потпирајќи се на нив да војуваш добра војна,
19
имајќи вера и добра совест, која некои ја отфрлија па претрпеа бродолом во верата;
20
меѓу нив се Именеј и Александар, кои ги предадов на сатаната за да се научат да не богохулат.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6