bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Timothy 3
1 Timothy 3
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 4 →
1
Верно е словото: Ако некој тежнее кон епископство, тој сака добра работа.
2
Епископот, пак, треба да е непорочен, маж на една жена, трезвен, благоразумен, угледен, гостољубив, способен да поучува;
3
не пијаница, ни насилник, ни алчен за нечесна добивка, туку кроток, мирољубив и не среброљубив;
4
својот дом добро да го управува и да ги држи децата во послушност и достоинствени во сѐ,
5
зашто, ако некој не умее да управува со својот дом, тогаш како ќе се грижи за Божјата Црква?
6
Нека не е нов во верата, за да не се возгордее па да падне под осуда, како ѓаволот.
7
А уште треба да има и добар углед кај надворешните за да не биде укоруван и да не падне во стапицата на ѓаволот.
8
Ѓаконите, исто така, треба да бидат честити, да не се дволични, да не се оддаваат на многу вино, ниту да се алчни за нечесна добивка;
9
туку тајната на верата да ја пазат со чиста совест.
10
И тие треба прво да бидат испитани, та потоа, ако се непорочни, да станат ѓакони.
11
Исто така и нивните жени треба да бидат честити, да не се клеветнички, туку трезвени и верни во сѐ.
12
Ѓаконите треба да бидат мажи на една жена, добро да управуваат со своите деца и со своите домови.
13
Зашто, оние што добро служеле, се здобиваат со угледна положба и со голема смелост во верата во Христос Исус.
14
Ова ти го пишувам надевајќи се дека скоро ќе дојдам кај тебе.
15
Но, ако случајно подзадоцнам, да знаеш како луѓето треба да се однесуваат во Божјиот дом, кој е црква на живиот Бог, столб и потпора на вистината.
16
А несомнено, голема е тајната на благочестието: Бог се јави во тело, беше оправдан во Духот, виден од ангелите, проповедан на народите, во светот примен со вера, вознесен во слава.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6