bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Timothy 6
1 Timothy 6
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
1
Робовите, што се под јарем, нека ги сметаат своите господари достојни за секаква почест, за да не се хули Божјото име и учењето.
2
Оние, пак, чии господари веруваат, нека не ги презираат зашто им се браќа по вера; туку уште поусрдно да им служат, зашто оние на кои добро им служат се верни и возљубени.
3
Така поучувај и советувај! Ако некој поучува поинаку и не се води според здравите зборови, оние на нашиот Господ Исус Христос, и според благочестивото учење,
4
тој се возгордеал и не знае ништо, туку има болна желба за расправи и за празни препирки од кои произлегуваат завист, кавги, хулење, зли мисли;
5
постојани препирки меѓу луѓето што се со изопачен ум и се лишени од вистината, па мислат дека благочестието е средство за добивка. Бегај од такви!
6
И навистина, благочестието е голема добивка кога е здружено со чувство на задоволност.
7
Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека ништо не можеме ниту да однесеме.
8
Но кога имаме храна и облека, да бидеме задоволни со тоа.
9
А оние што сакаат да се збогатуваат, паѓаат во искушение, во стапици и во многу неразумни и штетни страсти, што ги потопуваат луѓето во пропаст и погибел.
10
Зашто среброљубието е коренот на сите зла; а некои, предавајќи му се, се отклонија од верата и си навлекоа многу маки.
11
Но ти, човеку Божји, бегај од овие нешта и стреми се кон праведност, благочестие, вера, љубов, трпение и кротост!
12
Војувај ја добрата војна на верата; освој го вечниот живот за кој си повикан и за кој си дал добра исповед пред многу сведоци.
13
Ти заповедам пред Бога, Кој оживотворува сѐ, и пред Христос Исус, Кој пред Понтиј Пилат посведочи со добра исповед,
14
да ја запазиш заповедта чиста и непорочна сѐ до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос,
15
кое, во свое време, ќе го открие блажениот и единствен Владетел, Цар над царевите и Господар над господарите,
16
Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го види. Нему нека Му е чест и вечна сила. Амин!
17
На богатите во овој свет заповедај им да не се вообразуваат и да не се надеваат на минливото богатство, туку на живиот Бог, Кој ни дава за наслада сѐ во изобилие.
18
Нека прават добро, нека се збогатуваат со добри дела, нека бидат дарежливи и сочувствителни,
19
па така да си собираат добра основа за иднината, за да достигнат вечен живот.
20
О, Тимотее, чувај го она што ти е поверено и оттргнувај се од нечисти и празни разговори и од расправии на лажното знаење,
21
на кое некои му се предадоа, па се отклонија од верата. Благодатта нека биде со тебе. Амин!
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
All chapters:
1
2
3
4
5
6