bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Timothy 5
1 Timothy 5
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 6 →
1
Старец не укорувај, туку советувај го како да ти е татко; помладите, пак, како да ти се браќа;
2
стариците како мајки, а младите како сестри, во потполна чистота.
3
Почитувај ги вдовиците кои се навистина вдовици.
4
Ако, пак, некоја вдовица има деца или внуци, тие најнапред нека се научат да го почитуваат својот дом и со тоа да го возвратат долгот кон своите родители, бидејќи тоа е добро и угодно пред Бога.
5
Онаа што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и деноноќно е во молби и молитви.
6
Но онаа, што живее распуштено, умрела уште додека е жива.
7
Заповедај им го и тоа, за да бидат непорочни.
8
Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се одрекол од верата и е полош од неверник.
9
За вдовица нека се смета онаа што не е помлада од шеесет години, што имала само еден маж,
10
и е посведочена во добри дела: ако одгледала деца, била гостољубива, миела нозе на светии; ако им помагала на страдалници и се посветувала на секое добро дело.
11
А помлади вдовици не примај, зашто кога страстите ќе ги одвратат од Христос, ќе посакаат да се мажат,
12
со што ќе навлечат на себе осуда, зашто ја отфрлиле првата верност.
13
А освен тоа, се учат на безделничење, одат по куќите; и не само што безделничат, туку се и брбливи, љубопитни и го зборуваат тоа што не прилега.
14
Па така, сакам помладите вдовици да се мажат, да раѓаат деца, да го водат домаќинството, не давајќи му на противникот никаков повод за прекор;
15
зашто некои веќе застранија по сатаната.
16
Ако некој верник или верничка има роднини вдовици, нека се грижи за нив, за да не се обременува црквата и да може да се грижи за оние што се навистина вдовици.
17
Презвитерите, кои управуваат добро, нека се удостојуваат со двојна почит; а особено оние што се трудат во словото и во поуката.
18
Зашто Писмото вели: „Не заврзувај уста на вол кој врши“, и: „Работникот ја заслужува својата плата.“
19
Не прифаќај обвинение против презвитер, освен кога има двајца или тројца сведоци.
20
Оние што грешат, укори ги пред сите, па и останатите да имаат страв.
21
Те заколнувам пред Бога и пред Господ Исус Христос и пред избраните ангели да го пазиш ова без предрасуда и ништо да не правиш од пристрасност.
22
Раце на никого не полагај пребрзо, и не учествувај во туѓи гревови! Чувај си ја чистотата!
23
Не пиј веќе само вода, туку употребувај по малку и вино, заради стомакот и твоите чести боледувања!
24
Гревовите на некои луѓе се јасно видливи и му претходат на судот, а на некои се откриваат подоцна
25
Така и добрите дела се јасно видливи; а и оние што не се такви, не можат да се сокријат.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6