bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Ephesians 1
Ephesians 1
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 2 →
1
Павле, по Божја волја апостол на Исус Христос, до светиите и верните во Христос Исус што се во Ефес:
2
благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос!
3
Нека е благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој во Христос нѐ благослови со секаков духовен благослов од небесата,
4
така што нѐ избра преку Него, уште пред создавањето на светот, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта.
5
Тој нѐ предопредели за посинување за Себе преку Исус Христос, според благонаклонетоста на Својата волја,
6
за пофалба на славата на Неговата благодат, со која нѐ облагодати преку Својот Возљубен Син,
7
во Кого имаме откуп преку Неговата крв, простување на гревовите според богатството на Неговата благодат,
8
што изобилно ја излеа врз нас во сета мудрост и разум,
9
откривајќи ни ја тајната на Својата волја, според Својата благонаклонетост што ја беше положил во Него од порано,
10
за да ја оствари при исполнувањето на времињата, да возглави сѐ во Христос, и она што е на небесата, и она што е на земјата.
11
Преку Него бевме избрани за наследници, предопределени според намислата на Оној што врши сѐ според Својата волја,
12
за да бидеме за пофалба на Неговата слава ние, кои од порано се надевавме на Христос.
13
Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – благовестието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, бевте запечатени со ветениот Свет Дух,
14
Кој е залог на нашето наследство, за откупување на она што го стекна, за пофалба на Неговата слава.
15
Затоа и јас, кога слушнав за вашата вера во Господ Исус и за вашата љубов кон сите светии,
16
не престанувам да благодарам за вас, спомнувајќи ве во моите молитви,
17
та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за да Го познаете,
18
и да ги просветли очите на вашите срца, за самите да увидите каква е надежта од Неговиот повик, какво е богатството на славата на Неговото наследството во светиите,
19
и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме преку моќното дејствување на Неговата сила,
20
коешто Тој го пројави во Христос, кога Го воскресна од мртвите и Го постави од Својата десна страна на небесата,
21
повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот,
22
и сѐ Му покори под Неговите нозе и Го постави за глава над сѐ во Црквата,
23
која е Негово тело, полнота на Оној што исполнува сѐ во сѐ.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6