bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Ephesians 6
Ephesians 6
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
1
Вие, децата, бидете им послушни на своите родители во Господа, зашто тоа е праведно.
2
„Почитувај ги својот татко и својата мајка!“ – тоа е првата заповед со ветување –
3
„за да ти биде добро, и да живееш долго на земјата.“
4
И вие, татковците, не дразнете ги своите деца, туку подигнувајте ги во воспитанието и науката на Господ.
5
Вие, слугите, бидете им послушни на своите телесни господари со страв и трепет, во простота на срцето, како на Христос,
6
не работете само за пред очи, како човекоугодници, туку како Христови слуги, кои ја извршуваат волјата Божја од сета своја душа,
7
служејќи со добра волја, како да Му служите на Господ, а не на луѓе,
8
знаејќи дека секој, па било тоа роб или слободен, ќе добие од Господ според доброто, што го направил.
9
А и вие, господари, така однесувајте се кон нив и бидете умерени во строгоста, знаејќи дека и над вас самите има Господар на небесата, во Кого нема пристрасност!
10
Па така, браќа, зајакнувајте се во Господа и во моќта на Неговата сила!
11
Облечете се целосно со оружјето и оклопот Божји за да можете да им одолеете на ѓаволските итроштини;
12
зашто нашата борба не е против крв и месо, туку против началствата, против властите, против световните управители на темнината од овој свет, против небесните духови на злобата.
13
Затоа земете го оружјето и оклопот Божји, за да можете да се спротивставите во денот на злото, та, откако ќе завршите сѐ, да опстоите.
14
И така стојте цврсто, препашани со вистината и облечени во оклопот на праведноста;
15
и нозете да ви бидат обуени во подготвеност за благовестието на мирот.
16
А над сѐ, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете сите вжештени стрели на лукавиот;
17
земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо!
18
Со секаква молитва и молба во секое време молете се во Духот, и во такво расположение, бидете будни со целосна истрајност и молитва за сите светии
19
и за мене, та кога ќе ја отворам устата да ми се даде слово за слободно да ја соопштувам тајната на благовестието,
20
заради кое сум пратеник во окови, за да го проповедам смело, како што ми прилега.
21
А за да знаете и вие како сум и што работам, за сѐ ќе ве извести Тихик, возљубениот брат и верен служител во Господ,
22
кого токму заради тоа го пратив кај вас, за да дознаете како сме и да ви ги утеши срцата.
23
Мир на браќата и љубов со вера од Бога Отецот и од Господ Исус Христос.
24
Благодатта нека биде со сите што Го љубат нашиот Господ Исус Христос со нераспадлива љубов. Амин!
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
All chapters:
1
2
3
4
5
6