bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Ephesians 4
Ephesians 4
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 5 →
1
Затоа јас, затвореникот во Господа, ве молам да се однесувате достојно на позивот за кој сте повикани,
2
со секакво смиреномудрие и кроткост, со долготрпеливост, поднесувајќи сѐ меѓусебно во љубов,
3
трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот.
4
Едно тело и еден Дух, како што сте и повикани кон едната надеж на вашиот позив.
5
Еден Господ, една вера, едно крштение,
6
еден Бог и Отец на сите, Кој е над сите, преку сите и во сите нас.
7
А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов.
8
Затоа е и речено: „Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето.“
9
А што значи „се издигна“, ако не тоа дека Тој претходно слезе во најдолните места на земјата.
10
Оној Кој слезе е истиот Кој и се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ.
11
И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, некои за благовестители, а некои за пастири и учители,
12
за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело,
13
додека сите не достигнеме до единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мерата на потполната Христова возраст,
14
та да не бидеме веќе мали деца што ги колеба и понесува секој ветар на лукавите човекови учења, измислувани од итреците за да водат кон заблуда.
15
Туку живеејќи вистинито во љубовта, на секаков начин да растеме во Оној што е главата – Христос –
16
од Кого целото тело, составено и сврзано со сите зглобови што го одржуваат преку дејствувањето на секој дел според неговите сили, прави телото да расте, за самото да се изгради во љубов.
17
Ова го зборувам и сведочам во Господа: да не живеете веќе како што живеат незнабошците, по суетата на својот ум;
18
помрачени во разумот, отуѓени од Божјиот живот поради незнаењето што е во нив и поради закоравеноста на нивното срце.
19
Станувајќи бесчувствителни, се предадоа себеси на разврат и ненаситно вршат секаква нечистота.
20
Но вие не Го познавте така Христос,
21
ако навистина сте чуле за Него и во Него сте биле поучувани – зашто вистината е во Исус,
22
тогаш отфрлете го од себе стариот човек според кого претходно живеевте, кој се распаѓа во измамливите желби,
23
за да се обновите во духот на својот ум
24
и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во праведноста и светоста на вистината.
25
Затоа, отфрлајќи ја лагата, кажувајте ја вистината секој на својот ближен, бидејќи сме делови еден на друг.
26
Гневете се, но не грешете; сонцето да не зајде пред вашиот гнев;
27
и не давајте му место на ѓаволот.
28
Кој крадел, нека не краде веќе, туку нека се труди со своите сопствени раце да го прави она што е добро, за да има што да му даде на оној што има потреба.
29
Никаков гнасен збор да не излегува од вашата уста, туку само добар, за надградување каде што треба, за да им даде благодат на оние што слушаат.
30
И не ожалостувајте Го Светиот Божји Дух со Кого сте запечатени за денот на откупувањето.
31
Отстранете ја подалеку од вас секоја огорченост, јарост, гнев, викање и хула заедно со секоја друга злоба.
32
Бидете добри и милосрдни еден кон друг, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христос.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6