bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Ephesians 3
Ephesians 3
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 4 →
1
Затоа јас, Павле, сум затвореник на Христос Исус заради вас, незнабошците.
2
Бидејќи чувте за распределбата на Божјата благодат, која ми е дадена заради вас,
3
односно дека преку откровение ми е соопштена тајната, како што претходно накратко ви напишав.
4
Читајќи го тоа, можете да разберете како сум ја сфатил тајната на Христос,
5
која, на луѓето од претходните поколенија не им беше објавена, како што сега им се откри на Неговите свети апостоли и пророци преку Духот,
6
односно дека незнабошците се сонаследници, делови на едно тело, и соучесници на Неговото ветување во Христос преку благовестието,
7
на кое му станав служител според дарот на Божјата благодат, која ми е дадена по дејство на Неговата сила.
8
Мене, најмалиот од сите светии, ми се даде благодатта да им го благовестам на незнабошците неистражливото Христово богатство,
9
и на сите да им расветлам во што се состои распределбата на тајната, криена од вечноста во Бога, Кој создаде сѐ преку Исус Христос,
10
та разнообразната Божја мудрост сега, преку Црквата, да им се објави на небесните началства и власти,
11
според предвечната замисла, која Тој ја изврши во Христос Исус, нашиот Господ,
12
во Кого имаме слобода и пристап, уверени преку верата во Него.
13
Поради тоа, ве замолувам, да не паѓате со духот пред моите маки што ги поднесувам заради вас, зашто тие се за ваша слава.
14
Затоа ги преклонувам своите колена пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос,
15
од Кого се именува секој род на небесата и на земјата,
16
да ви даде, според богатството на Својата слава, сила за да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек,
17
и преку верата Христос да се всели во вашите срца,
18
та вкоренети и утврдени во љубовта да можете да разбирате, заедно со сите светии, што е ширина и должина, што е длабочина и височина,
19
и да ја осознаете Христовата љубов, која го надминува секое знаење, за да се исполните со сета Божја полнота.
20
А на Оној што според силата што дејствува во нас, може да изврши неспоредливо повеќе од сѐ што ќе побараме или помислиме,
21
Нему нека Му е слава во Црквата и во Христос Исус во сите поколенија и за вечни векови. Амин!
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6