bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Deuteronomy 17
Deuteronomy 17
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 18 →
1
„Не жртвувај Му на Господа, својот Бог, ни вол ни овен што би имал на себе недостаток или некакво зло, зашто тоа е гадно пред Господа, твојот Бог.
2
Ако во твојата средина - во било кој твој град, што ти го дава Господ, твојот Бог - се најде човек или жена да направи тоа што е зло во очите на Господа, твојот Бог, и да го престапи Неговиот Завет:
3
па отиде да им служи на други богови и им се поклони ним, на сонцето, на месечината, или на што и да е од небеското воинство, а што сум го забранил јас,
4
и ти се јави тебе за тоа и ти го чу тоа, тогаш испитај внимателно; и ако биде вистина, и навистина била направена таа грозотија во Израел,
5
тогаш тој човек, или таа жена, кои направија такво зло, изведи ги пред градската врата па каменувај ги за да загинат.
6
Осудените на смрт нека бидат погубени на изјава на двајца или тројца сведоци. На збор на еден сведок не смеат да бидат погубени.
7
Најнапред сведоците нека кренат рака на него за да го погубат, а потоа нека ја дигне целиот народ. Така ќе го откорнеш злото од својата средина.”
8
„Ако ти биде нешто претешко да го пресудиш: убиство, судир за правата, некаква повреда или караница во твојот град, тогаш стани и тргни кон местото што ќе го избере Господ, твојот Бог.
9
Обрни им се на свештениците, на левитите и на судиите кои ќе бидат за тоа време. Прашај ги нив, тие ќе ти пресудат.
10
И направи онака како што ќе ти речат во местото што Господ го избра, и настојувај да направиш сè, што тие ќе те научат тебе.
11
Постапи според напатствието што ќе ти го дадат и според пресудата која ќе ја донесат. Не отстапувај ни десно ни лево од пресудата што ќе ти ја кажат.
12
Ако некој би се спротивил дрско и не би ги послушал ни свештеникот, кој стои таму за да Му служи на Господа, твојот Бог, ни судијата, тој човек нека биде погубен. Така ќе го откорнеш злото од Израел,
13
а сиот народ, кога ќе научи, ќе се бои и веќе нема да се противи дрско.”
14
„Кога ќе стигнеш во земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог, имено; кога ќе ја земеш во сопственост и кога ќе се населиш во неа, па тогаш ќе речеш: ‘Сакам да поставам цар над себе, како што го имаат сите други народи околу мене’ -
15
тогаш ќе си го поставиш за цар оној, кого ќе го избере Господ, твојот Бог. Постави некого од своите браќа за цар над себеси, а не смееш да поставуваш над себеси туѓинец, кој не ти е брат.
16
Само нека не држи многу коњи, и нека не го праќа народот во Египет, за да го зголеми бројот на коњите. Зашто Господ ви рече: ‘По овој пат никогаш повеќе не се враќајте!’
17
И нека нема многу жени, за да не му тргне срцето по суета; и нека не натрупува за себе купови сребро ни злато!
18
А кога ќе седне на царскиот престол, нека го препише за себе на свиток овој Закон од свештениците левити.
19
Нека го држи покрај себе; нека го чита во секое време на својот живот, за да научи да се бои од Господа, својот Бог, за да ги пази сите зборови на овој Закон и да ги врши овие одредби;
20
за да не се издигне со срцето над своите браќа и за да не сврти настрана од оваа заповед ни десно ни лево, за да би царувал долго, тој и неговите синови, во Израел.”
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 18 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34