bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Deuteronomy 23
Deuteronomy 23
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 22
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 24 →
1
„Нека не биде примен во Господовото собрание скопениот или кому му е пресечен половиот член.
2
Ни вонбрачно родениот нека не биде примен во Господовото собрание; нека не бидат примани ни неговите во Господовото собрание ни до десеттото колено.
3
Во Господовото собрание нека не влегува ни Амонец ни Моавец; никој од нивните, па ни во десеттото поколение, не смее никогаш да влегува во Господовото собрание.
4
А сè заради тоа што не излегоа пред вас со леб и вода кога бевте на пат, откако излеговте од Египет; и затоа што за пари го најмија Веоровиот син, Валаам од Фегор во Арам Нахараим, за да те проколне.
5
Ама Господ, твојот Бог, не сакаше да го послуша Валаама, туку Господ, твојот Бог, го претвори проклетството во благослов, зашто Господ, твојот Бог те љуби.
6
Никогаш не ги подобрувај нивната благосостојба и нивниот имот во сите свои дни довека.
7
Не го презирај Едомецот, зашто тој е твој брат. Не презирај го ни Египетецот, зашто беше придојденик во неговата земја.
8
Нивните потомци можат да бидат примени во Господовото собрание во третото поколение.
9
Кога ќе тргнеш со логорот против своите непријатели, чувај се од секакво зло.”
10
„Ако некој меѓу твоите стана нечист заради ноќното излевање, нека излезе од логорот и нека не се враќа во него.
11
А приквечер нека се искапе во вода, па по зајдисонце може пак во логорот.
12
Имај место надвор од живеалиштето каде ќе одиш понадвор.
13
Со својата спрема носи и лопатче; со него, кога ќе одиш понадвор, ќе ископаш дупка и после ќе ја покриеш својата нечистота.
14
Та Господ, твојот Бог, оди низ средината на твојот логор за да те штити и за да ти ги предаде твоите непријатели. Затоа и твојот логор треба да биде свет. Нека Господ не забележи ништо нечисто во тебе, за да не се одврати од тебе.”
15
„Не смееш да му го предадеш на господарот робот, кој пребегал при тебе.
16
Нека престојува со тебе во твојата средина, во местото што ќе го избере во еден од твоите градови, каде ќе му се допадне.
17
Нека нема светилишна блудница меѓу Израелевите ќерки и нека нема светилишен блудник (содомист) меѓу Израелевите синови!
18
Не донесувај во Господовиот дом, ниту за каков завет, блудничина плата, ниту кучешки сребреници, зашто двете му се одвратни на Господа, твојот Бог.
19
Не барај лихва од својот брат ниту лихва за сребреници, ниту лихва за храна, ниту лихва на што и да е, каде обично се бара.
20
Од туѓинецот можеш да бараш лихви, ама не ги барај од својот брат, за да ти даде Господ, твојот Бог, благослов во секој потфат на твоите раце во земјата во која одиш да ја земеш во сопственост.
21
Кога ќе му заветуваш некаков завет на Господа, на својот Бог, не двоуми се да го исполниш. Навистина, Господ, твојот Бог, ќе го бара од тебе; и ќе имаш грев.
22
Ако не се заветуваш, нема да имаш грев.
23
Но исполни го она што ќе помине преку твоите усни, завет што му го обрече слободно со своите усни на Господа, својот Бог.
24
Ако влезеш во лозјето на својот сосед, слободно ти е да јадеш грозје колку што сакаш, но не смееш да ставаш во својот сад.
25
Ако влезеш во житото на својот сосед, можеш да кинеш класје со раката, но не смееш да принесуваш срп до житото на својот ближен.”
← Chapter 22
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 24 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34