bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Deuteronomy 18
Deuteronomy 18
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 17
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 19 →
1
„Свештениците левити - целото Левиево племе - нека немаат дел во наследството со Израел; нека живеат од жртвите палени на Господа и од Неговото наследство.
2
И така, нека немаат наследство меѓу своите браќа: Господ е нивно наследство, како што и им рече.
3
Ова нека биде свештеничка награда од народот - од оние што принесуваат жртва, било тоа да се говеда или овци, на свештеникот треба да му се дадат плешките, вилиците и желудникот.
4
Давај му и првина од своето жито, од своето вино, од своето масло и првината од волната на своите овци,
5
зашто него го избра Господ, твојот Бог, од сите твои племиња; него и неговите синови, за да стојат засекогаш пред Господа, твојот Бог, па да обавуваат служба и да благословуваат во името на Господа.
6
Ако некој левит, кој престојува во некој твој град, каде и да е во Израел, посака со сета своја душа да дојде во местото што го избра Господ,
7
може да служи таму во името на Господа, својот Бог, како и другите негови браќа, левити, кои служат таму пред Господа.
8
Нека јаде еднаков дел како и другите, без обѕир на продадениот татков имот.”
9
„Кога ќе влезеш во земјата што ти ја дава Господ, твојот Бог, не приучувај се на одвратните гнасности на оние народи.
10
Кај тебе нека не се најде некој, кој би ги гонел низ оган својот син или својата ќерка; кој би се бавел со гатање, чародејство, вражање и волшебништво;
11
никој кој би баел, кој би повикувал духови и души на предците или кој би се обраќал на покојниците.
12
Зашто му се гади на Господа, секој што прави нешто такво; заради таквите одвратности нив и ги гони пред тебе Господ, твојот Бог.
13
Биди Му сосем верен на Господа, својот Бог.
14
Народите што наскоро ќе ги истераш ги слушаат вражалците и гаталците, но Господ, твојот Бог, не ти го дозволува тоа тебе.”
15
„Господ, твојот Бог, ќе ти издигне од твојата средина, од твоите браќа, Пророк, каков што сум јас: слушајте Го Него!
16
Сосем онака како што и молеше од Господа, својот Бог, на Хорив, на денот на собирот, кога велеше: ‘Не сакам веќе да го слушам гласот на Господа, својот Бог, ниту сакам веќе да го гледам тој силен оган, за да не загинам!’
17
Господ ми рече на тоа: ‘Право рекоа.
18
Ќе им издигнам Пророк од среде нивните браќа, каков што си ти. Ќе ги положам своите зборови во неговата уста, за да им каже сè што ќе му заповедам.
19
А ако некој не ги послуша Моите зборови што ќе ги зборува Пророкот во Мое име, тој ќе одговара пред Мене.
20
А пророкот, кој би се осмелил да зборува нешто во Мое име, што Јас не сум заповедал да зборува, и кој би зборувал во името на други богови, таквиот пророк нека биде погубен.’
21
Можеби ќе речеш во своето срце: ‘Како ќе го препознаеме словото што Господ не го изрекол?’
22
Кога пророкот зборува во името на Господа, па тоа не биде и словото не се исполни, тогаш тоа е зборот што Господ не го кажал. Тој пророк зборуваше во дрскост. Немој да се плашиш од него.”
← Chapter 17
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 19 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34