bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Deuteronomy 26
Deuteronomy 26
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 25
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 27 →
1
„Кога ќе стигнеш во земјата која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство, кога ќе ја земеш во сопственост и кога ќе се населиш во неа,
2
земи малку првини од секој плод, што ќе го добиваш од земјата која Господ, твојот Бог, ти ја дава: стави ги во кошница, отиди во местото што Господ, твојот Бог, ќе го избере за да го настани во него Своето Име.
3
Пристапи му на свештеникот, кој тогаш ќе ја врши службата, и речи му: ‘Признавам денес пред Господа, својот Бог, дека стигнав во земјата, за која Господ им се заколна на нашите татковци дека ќе ни ја даде.
4
Потоа свештеникот ќе ја земе кошницата од твојата рака и ќе ја положи пред жртвеникот на Господа, твојот Бог.
5
Тогаш ти продолжи и кажи пред Господа, својот Бог: ‘Мојот татко беше арамејски скитник, кој со малку деца стигна во Египет за да се засолне. Ама таму стана голем, многуброен и силен народ.
6
Египетците постапуваа со нас лошо; нè угнетуваа и ни наметнаа тешко ропство.
7
Извикнувавме кон Господа, кон Бога, на нашите татковци. Господ го чу нашиот извик; ги виде нашиот јад, нашата неволја и нашата мака.
8
Господ нè изведе од Египет со силна рака и со испружена мишка, со голем страв со знаци и со чудеса.
9
И нè доведе на ова место и ни ја даде оваа земја, земја во која течат мед и млеко.
10
И ете, сега, ги донесувам најпрвите плодови од почвата што си ми ја дал, Господи.’ Стави ги пред Господа, својот Бог, и искажи Му почитување.
11
А тогаш заедно со левитот и со придојденикот, кој ќе биде кај тебе, уживај ги сите добра со кои Господ, твојот Бог, те опсипа тебе и твојот дом.
12
А кога во третата година - годината на десетоците - го завршиш одделувањето на сите десетоци од своите приходи и им ги дадеш на левитот, на придојденикот, на сирачето и на вдовицата по твоите градови, за да јадат до наситка,
13
тогаш, пред Господа, својот Бог, изјави: ‘Од дома го отстранив она што беше посветено. Им дадов уште и на левитот, на придојденикот, на сирачето и на вдовицата, според сите Твои заповеди што си ми ги дал. Не прекршив и не заборавив ниедна Твоја заповед.
14
Ништо не јадев од тоа при жалост; ништо не жртвував од тоа во нечистота, ниту му дадов нешто од тоа на мртовецот; го слушав гласот на Господа, својот Бог; во сè направив како што ми нареди.
15
Погледај од небесата, од Своето Свето Живеалиште, и благослови го својот Израелски народ и земјата која ни ја даде, земјата во која течат мед и млеко - како што им се заколна на нашите татковци.’”
16
„Господ, твојот Бог, ти заповеда денес да ги вршиш овие закони и одредби. Пази ги, и така, и исполнувај ги со сето свое срце и со сета своја душа.
17
Денес се договори со Господа дека Тој ќе ти биде Бог, а ти дека ќе одиш по Неговите патишта, дека ќе ги пазиш Неговите закони, Неговите заповеди и Неговите одредби, и дека ќе го слушаш Неговиот глас.
18
Денес Господ се договори со тебе дека ти ќе бидеш Негов народ, Неговата премила сопственост, како што ти ветил, и дека ќе ги пазиш сите Негови заповеди.
19
Тој ќе те возвиши со чест, со име и со слава над сите народи што ги создал; и ти ќе бидеш народ посветен на Господа, својот Бог, како што ти рече.”
← Chapter 25
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 27 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34