bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Chronicles 23
2 Chronicles 23
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 22
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 24 →
1
Но во седмата година Јодај се охрабри и ги зеде во сојуз со себеси стоначалниците, синот Јероамов, Исмаила, синот Јоанов, Азарија, синот Овидов, Масеја, синот Адаиев, и Елисафата, син Захариев.
2
Тие ја обиколија земјата Јудина, ги собраа левитите од сите страни на Јудеја и Израилевите старешини на татковските домови и дојдоа во Ерусалим.
3
И целото собрание склучи сојуз со царот во домот Божји. И Јодај им рече: »Еве, царскиот син треба да биде цар, како што рече Господ за синовите Давидови.
4
Еве, што ќе направите: едната третина од вас, свештениците и левитите, што доаѓаа во сабота, нека бидат вратари при праговите,
5
втората третина – при царскиот дом, третата третина – при портите на Јесод, а сиот народ нека биде во тремовите на домот Господов.
6
И никој да не влегува до домот Господов, освен свештениците и оние од левитите, што служат. Тие можат да влезат, зашто се осветени; а сиот народ нека стои на стража Господова.
7
И левитите нека го опколат царот од сите страни, и кој ќе влезе во домот Господов, да биде убиен. И бидете при царот, кога влегува и кога излегува.«
8
Левитите и сите Јудејци направија така како што заповеда свештеникот Јодај; и секој си ги зеде своите луѓе, што доаѓаа во сабота, заедно со оние, што си заминуваа во сабота, зашто свештеникот Јодај не ги распушти смените.
9
Свештеникот Јодај им ги раздаде на стотниците копјата и малите и големите цар Давидови штитови, што беа во Божјиот дом;
10
и го постави сиот народ, секој со оружје свое во рацете, од десната страна на храмот до левата страна на храмот кај жртвеникот и при домот околу царот.
11
Тогаш го изведоа царскиот син, му ставија венец и го прогласија за цар; го помаза Јодај и синовите негови и извика: »Да живее царот!«
12
Кога го чу Готолија гласот на раздвижениот народ, кој го фалеше царот, излезе кај народот во домот Господен
13
и виде: ете царот стои на своето возвишено место при влезот, а кај царот – кнезови и труби, и сиот народ на таа земја се весели, трубат со трубите и со свирки пеачи, вешти во славословието. Тогаш Готолија ја раскина својата облека и почна да вика: »Заговор! заговор!«
14
Тогаш свештеникот Јодај ги повика стоначалниците кои началствуваа над војската, и им рече: »Изведете ја надвор од храмот, и кој ќе тргне по неа да биде убиен со меч. Зашто свештеникот рече: не ја убивајте во домот Господов.«
15
И ѝ направија пат; а кога таа дојде при влезот на коњската врата на царскиот дом, ја убија таму.
16
Јодај склучи завет со целиот народ и со царот, за да бидат народ Господов.
17
И целиот народ отиде во Вааловото капиште та го разруши, и жртвениците негови и идолите негови ги разрушија, а Матана, Вааловиот свештеник, го убија пред жртвениците.
18
И им ги довери Јодај делата на Господовиот дом на свештениците и левитите и ги обнови дневните свештенички и левитски смени, како што ги беше распоредил Давид до домот Господов, да Му вознесуваат сепаленица на Господа, како што е напишано во законот Мојсеев, со радост и пеење, по Давидовата наредба.
19
И постави вратари при вратата на домот Господов, за да не влегува никој нечист од што и да било.
20
И ги зеде стоначалниците и велможите, началниците народни и целиот народ на земјата и сите го придружуваа царот од домот Господов; тие минаа низ горната врата во царскиот дом и го ставија царот да седне на царскиот престол.
21
И се веселеше целиот народ на таа земја и градот се смири. А Готолија ја убија со меч.
← Chapter 22
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 24 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36