2 Chronicles 36

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)

← Chapter 35
5Јоаким имаше дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим единаесет години. Мајка му се викаше Зехора, ќерка Нириева, од Рама. Тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господа, својот Бог, во сѐ она, што го вршеа татковците негови. Во неговите дни Навуходоносор, царот вавилонски, нападна на земјата; тој му служеше три години, и се одметна од него. И ги испрати Господ против нив Халдејците, и разбојници сирски, и разбојници моавитски, и синовите Амонови и самариски, и тие отстапија според оној збор – според зборот на Господа преку устата на слугите Негови – пророците. Но гневот на Господа падна врз Јуда, за да го отфрли од лицето Свое, поради многуте гревови, што ги беше направил Манасија, и поради невината крв, штоа ја пролеа Јоаким, та го исполни Ерусалим со невина крв. Господ не посака да го искорени.
← Chapter 35