bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Chronicles 7
2 Chronicles 7
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 8 →
1
Кога Соломон ја заврши молитвата, слезе оган од небото и ги голтна сепалениците и жртвите, и слава Господова го исполни домот.
2
И свештениците не можеа да влезат во домот Господов, зашто славата Господова го исполни домот Господов.
3
И сите синови Израилеви, кога видоа, како слезе оган и слава Господова врз домот, паднаа ничкум на земја, на плочникот, се поклонија и Го фалеа Господа, зашто е благ, зашто милоста негова е вечна.
4
А царот и сиот народ почнаа да принесуваат жртви пред лицето на Господа.
5
И принесе царот Соломон на жртва дваесет и две илјади вола и сто и дваесет илјади овци: така го осветија Божјиот дом царот и сиот народ.
6
Свештениците стоеја на службата своја, а левитите со Давидовите песни во рацете, стоеја со свирки за песни на Господа, што ги беше направил царот Давди, зашто милоста Негова е вечна; и трубеа свештениците спроти нив, а сиот Израиел стоеше.
7
Соломон го освети и внатрешниот дел на тремот, што е пред домот Господов: таму ги принесе сепалениците и лојот од мирните жртви, зашто бакарниот жртвеник, направен од Соломона, не можеше да ги собере сепалениците, лебните приноси и лојот.
8
И направи Соломон во тоа време седумдневен празник и празнуваше со него сиот Израил, – многу голем собор, што се беше стекол од влезот во Емат до Египетскиот поток;
9
а на осмиот ден направија попразненсто, зашто осветувањето на жртвеникот го правеа седум дена и празникот – седум дена.
10
И на дваесет и третиот ден од седмиот месец царот го распушти народот по шаторите нивни, сите радосни и весели во срцето поради доброто, што Господ му го направи на Давида и Соломона и на својот народ Израилот.
11
И го заврши Соломон домот Господов и домот царски, заврши успешно сѐ, што беше наумил во срцето свое да го изврши во Господовиот дом и во својот дом.
12
И Господ му се јави на Соломона ноќе и му кажа: »Ја чув твојата молитва и Си го одбрав тоа место за дом на жртвопринесувања.
13
Ако го заклучам небото и да нема дожд, ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата, или да испратам помор врз Мојот народ.
14
и Мојот народ, кој се именува со Моето име, се смири, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова.
15
И сега очите Мои ќе бидат отворени и ушите Мои внимателни кон молитвата во ова место.
16
И сега јас го избрав и го осветив овој дом, та името Мое да биде таму засекогаш; и очите Мои, и срцето Мое ќе бидат таму во сите дни.
17
И, ако одиш пред лицето Мое, како што одеше татко ти Давид, и ако вршиш сѐ, што сум ти заповедал, и ако ги пазиш уредбите Мои и законите Мои,
18
Јас ќе го зацрвстам престолот на царството твое, како што му бев ветил на татка ти Давид, велејќи: ‚нема да снема маж, што ќе владее над Изралот.‘
19
Но, ако отстапите и ако ги напуштите наредбите Мои и заповедите Мои, што сум ви ги дал, и тргнете да служите на други богови и да им се поклонувате,
20
Јас ќе го истребам Израилот од лицето на Мојата земја, што сум му ја дал, и овој храм, што сум го осветил на Мое име, ќе го отфрлам од лицето Свое и ќе го направам за приказ и за потсмев кај сите народи.
21
А за овој храм, толку славен, секој, што ќе мине покрај него, ќе се вџаши и ќе рече: ‚Зошто ли постапил Господ така со оваа земја и со овој храм?‘
22
И ќе речат: ‚Затоа, што тие Го оставија Господа, Бога на татковците свои, Кој ги изведе од Египетската земја, и се приврзаа за други богови, и, се поклонуваа и им служеа, – затоа Он им го испрати сево ова зло.‘«
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36