bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Chronicles 28
2 Chronicles 28
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 29 →
1
Ахаз беше на дваесет години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години; и тој не го вршеше угодното во очите Господови, како што правеше таткото негов Давид;
2
тој одеше по патот на израилските цареви, и дури направи излеани кипови на Вааловци;
3
и тој кадеше во долината на Еномовите синови, и го протеруваше низ огин синовите свои, подражавајќи ги гнасотиите на оние народи, коишто Господ ги прогони пред лицето на Израилевите синови;
4
принесуваше жртви и кадеше по оброчиштата и по ридовите и под секое разгрането дрво.
5
Затоа Господ, неговиот Бог, го предаде во рацете на сирискиот цар, и Сиријците го разбија и му зедоа многу заробеници, кои ги одведоа во Дамаск. Беше предаден и во рацете на израилскиот цар, и тој му нанесе голем пораз.
6
Факеј, син Рамалиев уби во еден ден сто и дваесет илјади Јудејци, луѓе воинствени, затоа што го беа оставиле Господа, Бога на татковците свои.
7
А Зихриј, силен јунак од Ефремците, го уби Масеја, царевиот син, и Азрикама, началник на дворот, и Елкана, втор по царот.
8
И зедоа синовите Израилеви од браќата свои, Јудејците, двесте илјади жени, синови и ќерки; ограбија и многу плен од нив, и го однесоа ограбеното во Самарија.
9
Таму имаше пророк Господов, по име Одед. Тој излезе пред војската, која, одеше во Самарија, и им рече: »Ете, Господ, Бог на татковците ваши, во гневот Свој против Јудејците, ги предаде во ваше рака, и вие ги избивте со таква јарост, која стигна до небесата.
10
И сега мислите да ги направите синовите на Јуда и Ерусалим ваши робови и робинки. А зар немате и вие вина пред Господа, вашиот Бог?
11
Затоа послушајте ме, и вратете ги плениците, што сте ги заробиле од браќата свои, зашто пламенот на гневот Господов е на вас.«
12
И некои од началниците на синовите Ефремови: Азарија, син Јехохананов, Берехија, син Мешилемотов, Езекија, син Салумов, и Амаса, син Хадлеев, застанаа спроти оние што доаѓаа од војна.
13
и им рекоа: »Не ги доведувајте плениците тука, зашто би згрешиле пред Господа. Зар мислите да придодадете уште кон гревовите наши и кон престапите наши? Нашата вина е голема, и пламенот на гневот Господов е врз Израилот.«
14
И вооружените ги оставија плениците и пленот при воените началници и пред целото собрание.
15
И станаа споменатите по име мажи, ги зедоа плениците, и сите што беа голи ги облекоа од ограбеното, – ги облекоа и ги обуа, и ги нахранија, и ги напоија, и ги помазаат со масло, и ги качија на осли сите слаби, и ги испратија во Ерихон, град на палмите, при браќата нивни, и се вратија во Самарија.
16
Во тоа време царот Ахаз испрати до асирските цареви да му помогнат,
17
зашто Идумејците уште напаѓаа и мнозина избија И пленија во Јудеја,
18
а Филистејците се растурија по градовите во низината и во јужна Јудеја и го презедоа Ветсамис и Ајалон, Гадерот и Сохот со потчинетите му градови. Тимна со потчинетите ѝ градови и Гимзо со потчинетите му градови, и се населија таму.
19
Така ја понижи Господ Јудеја поради Ахаза, царот јудејски, зашто тој ја разврати Јудеја и тешко грешеше пред Господа.
20
И дојде кај него асирскиот цар Теглатфеласар, но му беше од штета, наместо да му помогне,
21
зашто Ахаз ги зеде ризниците од домот Господов, од царскиот дом и од кнезовите, и сѐ му даде на асирскиот цар, но и тоа не му помогна туку го ожалости.
22
И во таа притеснета положба тој продолжуваше да прави беззаконија пред Господа, тој – царот Ахаз;
23
им принесуваше жртви на дамаските богови, мислејќи, дека тие го поразија, па велеше: »Боговите на сириските цареви им помагаат; ќе им принесам жртва, тие и на мене ќе ми помогнат.« Но тие беа за паѓањето негово и на целиот Израил.
24
Ги собра Ахаз садовите на домот Божји и ги разби, ја затвори вратата на домот Господов и си изгради жртвеници по сите агли на Ерусалим,
25
по сите градови Јудини направи оброчишта, за да кади на туѓи богови, и Го дразнеше Господа, Бога на татковците свои.
26
Другите дела и сите негови постапки, првите и последните, се опишани во книгата на царевите јудејски и израилски.
27
И почина Ахаз при татковците свои, и го погребаа во градот, во Ерусалим, но не го внесоа во гробниците на израилските цареви. Наместо него стана цар синот негов Езекија.
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 29 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36