bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Chronicles 33
2 Chronicles 33
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 32
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 34 →
1
Манасија беше на дванаесет години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим педесет и пет години.
2
Тој го вршеше она што не беше угодно пред очите Господови, подражувајќи ги гадотиите на народите, кои Господ ги беше прогонил од лицето на синовите Израилеви.
3
Изгради пак идолски светилишта, што ги беше урнал таткото негов Езекија, им издигна жртвеници на Вааловци, подигна млади шуми и се клањаше на целото небеско воинство и му служеше;
4
изгради жртвеници и во Господовиот дом, за кој Господ беше рекол: »во Ерусалим ќе пребива името Мое вечно.«
5
изгради и жртвеници на целото небеско воинство во двата трема на Господовиот дом.
6
Тој ги преведуваше преку оган синовите свои во долината на Еномовиот син, гаташе, вражаше и маѓепсуваше; и повика извикувачи на мртви и волшебници: тој вршеше многу лоши работи пред очите на Господа, за да Го разгневи.
7
Направи уште и извајан идол и го постави во Господовиот дом, за кој што Бог му беше рекол на Давида и на синот негов Соломона: »во тој дом и во Ерусалим, што го избрав меѓу сите колена Израилеви, ќе го положам името Свое засекогаш;
8
и нема да оставам во иднина да излезе ногата Израилева од таа земја, што ја утврдив за татковците нивни, само ако тие се потрудат да го вршат сѐ она, што сум им го заповедал во целиот закон и наредбите и заповедите, дадени преку раката Мојсеева.«
9
Но Манасија ја доведе Јудеја и ерусалимските жители до таму, што постапуваа полошо и од оние народи, што Господ ги истреби од пред лицето на Израилевите синови.
10
Господ му говореше на Манасија и на луѓето негови, но тие не послушаа.
11
Затоа Господ ги испрати против нив военоначалниците на асирскиот цар, кои го оковаа Манасија во окови, го врзаа со вериги и го одведоа во Вавилон.
12
И во таа тешка неволја тој почна да Го моли Господа, својот Бог, и длабоко се смири пред Бога на татковците свои.
13
Му се помоли Нему, и Бог се приклони кон него, ја чу молбата негова и го врати во Ерусалим во царството негово. И разбра Манасија дека Господ е Бог.
14
Потоа тој изгради надворешен ѕид на Давидовиот град, западно од Геон, по долот и до влезот на Рибните порти, и околу Офел и го издигна високо. Потоа постави војводи по сите утврдени градови во Јудеја,
15
ги премавна туѓите богови, идолот од Господовиот дом и сите идолски светилишта, што ги беше изградил во гората на Господовиот дом и во Ерусалим, ги исфрли надвор од градот.
16
Го обнови жртвеникот Господов и принесе на него жртви, мирни и благодарствени, и им порача на Јудејците да Му служат на Господа, Бога Израилев.
17
Но народот уште принесуваше жртви по идолските светилишта, но и на Господа, Својот Бог.
18
Другите дела Манасиеви, молитвата негова кон својот Бог и зборовите на јасновидците, кои му говореа од името на Господа, Бога Израилев, се наоѓаат во книгата за царевите Израилеви.
19
И молитвата негова, и тоа, што Господ се приклони кон него, и сите негови гревови и беззаконија, и местата, по кои беше издигнал жртвеници и поставил ликови на Астарта и идоли, пред да се смири, – опишани се во записите пророчки.
20
И почина Манасија при татковците свои, и го погребаа во домот негов. А место него стана цар синот негов Амон.
21
Амон беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим две години.
22
И тој го вршеше она што не беше угодно пред очите Господови така, како што го вршеше тоа татко му Манасија: на сите идоли, што ги беше направил татко му Манасија, Амон им принесуваше жртва и им служеше.
23
И не се смири прд Господа, како што се понизи таткото негов Манасија; напротив, Амон ги умножи гревовите свои.
24
Слугите негови се побунија против него и го убија во домот негов.
25
Но народот во земјата ги изби сите оние, што беа во бунтот против царот Амона, и место него народот на таа земја го избра за цар синот негов Јосија.
← Chapter 32
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 34 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36