bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Exodus 14
Exodus 14
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 15 →
1
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
2
»Кажи им на синовите Израилеви да свртат и да се утаборат пред Пи – Аирот во долината меѓу Магдол и морето, спроти Веел Сепфон. Спроти него утаборете се крај морето.
3
И така Фараонот ќе им рече на своите луѓе за синовите Израилеви: ‚Заскитале во земјата, пустињата ги затворила.‘
4
А Јас ќе направам да се стегне срцето на Фараонот, и тој да појде во потера по нив. Но Јас ќе се прославам над Фараонот и над сета војска негова. И сите Египтјани ќе познаат дека Јас сум Господ.« Тие така и направија.
5
А кога му соопштија на царот египетски дека народот избегал, се измени срцето Фараоново и слугите негови спрема народот, па рекоа: »Што направивме, па ги пуштивме синовите Израилеви, та да не ни работат повеќе.«
6
И ја впрегна Фараонот колата своја, и сиот народ го поведе со себе;
7
зеде шестотини коли по избор и колку што уште имаше коли египетски, со нивните началници.
8
А Господ направи, та со ожесточи срцето на Фараонот, царот египетски, и на слугите негови, и тргна во потера по синовите Израилеви; но синовите Израилеви врвеа под силна рака.
9
И се впуштија по нив Египтјаните, и сите коњи Фараонови со колите, и сета војска негова, и ги најдоа во долината крај морето, спроти Веел Сепфон.
10
А кога наближи Фараонот, се обѕрнаа синовите Израилеви, и што ќе видат – ете Египтјаните идат по нив. И синовите Израилви се уплашија многу, па извикаа кон Господа,
11
и му рекоа на Мојсеја: »Зар немаше гробови во Египет, туку не изведе овде да изгинеме во пустињата? Што ни направи? Зошто нѐ изведе од Египет?
12
Нели ти го кажавме ова и во Египет, кога ти рековме: ‚Остави не, да им служиме на Египтјаните?‘ Оти подобро ќе ни беше да им служиме на Египтјаните, отколку да изгинеме во пустињава.«
13
А Мојсеј му рече на народот: »Не плашете се, застанете и ќе видите Господ како ќе ве спаси денес: Египтјаните, како што ги гледате денес, нема повеќе никогаш да ги видите довека.
14
Господ ќе се бие за вас, а вие бидете спокојни.«
15
И му рече Господ на Мојсеја: »Зошто викаш кон Мене? Кажи им на синовите Израилеви нека врват.
16
А ти земи го стапот свој и протегни ја раката своја врз морето, и раздели го, и нека минат синовите Израилеви, среде море по суво.
17
Но, ете, Јас ќе го стегнам срцето на сите Египтјани, и тие ќе тргнат по нив. А Јас ќе ја покажам славата Своја над Фараонот и над сета војска негова, над колите негови и над коњаниците негови.
18
И сите Египтјани ќе познаат дека Јас сум Господ, што ќе се прославам над Фараонот, над колите негови, и над коњаниците негови.«
19
И се крена Ангелот Господен, што одеше пред војската на синовите Израилеви, и застана зад нив; се крена и столбот од облак пред нив, и застана зад нив.
20
А кога влезе меѓу војската Египетска и меѓу војската на синовите Израилеви застана; на оние им беше темнина и мрак, а на овие им беше светлина, така што преку цела ноќ не се доближија едните до другите.
21
И ја подигна Мојсеј раката своја над морето, а Господ го разбрануваше морето со јужен ветар, кој дуваше силно цела ноќ, па се направи во мерето суво и водата се раздели.
22
И појдоа синовите Израилеви среде море по суво, и водата им стоеше како ѕид од десната страна и од левата страна.
23
А Египтјаните, гонејќи ги, појдоа по нив среде море, сите коњи Фараонови, колите и коњаниците негови.
24
А во утринската стража погледна Господ на војската египетска од столбот огнен и обласниот и ја доведе во забуна војската египетска,
25
па им ги врза тркалата на колите ниви, та одвај ги влечеа. Тогаш Египтјаните рекоа: »Да бегаме од Израилците, зашто Господ се бие за нив против Египтјаните!«
26
Тогаш му рече Господ на Мојсеја: »Пружи ја раката над морето, и нека се собере водата врз Египтјаните, и да ги покрие колите нивни и коњаниците нивни.«
27
И Мојсеј ја испружи раката своја врз морето, и пред зори пак се поврати со својата сила, а Египтјаните тргнаа да бегаат кон морето; и Господ ги фрли Египтјаните среде море.
28
А кога се поврати водата, ги потопи колите и коњаниците со сета војска Фараонова, се што беше тргнало кон нив, и не остана ниеден од нив.
29
Синовите, пак, Израилеви минаа среде море по суво; водата стоеше како ѕид од десната страна и од левата страна.
30
И ги избави Господ Израилците во тој ден од рацете на Египтјаните. И ги видоа синовите Израилеви Египтјаните што изумреа на брегот морски.
31
Ја виде Израил силата голема, што Господ ја покажа над Египтјаните, и народот се уплаши од Господа, и поверува во Бога и на неговиот угодник Мојсеја.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40