bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Exodus 39
Exodus 39
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 38
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 40 →
1
А од ткаенина сина, црвена и темноцрвена направија одежди за служба во светилиштето; му направија и свештени одежди на Арона, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
2
Направија ефод од злато, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон;
3
извлекоа листови од злато, и исекоа жици, за да ги вткаат вешто во ткаенината сина, црвена и темноцрвена и во висоновите нишки;
4
му направија и нараменици што се врзуваат: тие се врзуваат со него на двата негови краја.
5
И појасот на ефодот, од неговата горна страна, беше ист како и тој: од злато, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од вткаен висон, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
6
И изрезаа и камења смарагдови, и ги обрабија со злато, и ги впишаа на нив имињата на синовите Израилеви, како што се прават печати;
7
па ги ставија на нарамениците од ефодот, за спомен на синовите Израилеви, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
8
Направија и наградник, вешто изработен, од иста метерија како и ефодот: од злато, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон;
9
наградник направија: четириаголен, двоен, педа долг, и педа широк, двоен.
10
И наредија на него четири реда камења: во првиот ред: сард, топаз и смарагд;
11
во вториот ред: антракс, сафир и јаспис;
12
во третиот ред: лигур, ахат и аметист;
13
во четвртиот ред: хрисолит, вирил и оникс; и тие беа опковани и обвиени во злато.
14
Камењата беа според бројот на имињата на синовите Израилеви: тие беа дванаесет, според бројот на нивните имиња, и на секој од нив беше изрежано како печат по едно име, за дванаесетте племиња.
15
И направија за наградникот веришки вити, плетени од чисто злато;
16
направија и две копченца златни и две алчиња златни, и ги ставија двете алчиња на двата краја од наградникот;
17
па ги закачија двете златни веришки за двете алчиња на краевите од наградникот,
18
а другите два краја од двете веришки ги закачија за двете копченца и ги прицврстија на нарамениците од ефодот од предната страна.
19
Направија уште две златни алчиња, и ги ставија на двата краја од наградникот, на внатрешниот раб, свртен спрема ефодот:
20
направија уште две златни алчиња, ги ставија на двата нарамника од ефодот, на неговиот преден крај одоздола, каде што се составува ефодот над појасот;
21
и така го врзаа наградникот со алчињата негови за алчињата од ефодот со врвка сина, плетена, за да стои одозгора над појасот од ефодот и да не се одделува наградникот од ефодот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
22
а за ефодот направија и наметка, од сина ткаенина,
23
и прорез по средината на наметката како отвор, околу прорезот ширит шиен, за да не се реси.
24
По полите на подметката одоздола направија врвци од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и висон ткаен.
25
А направија и ѕвончиња од чисто злато, и ги закачија ѕвончињата на полите од наметката наоколу меѓу прачките:
26
ѕвонче и јаболкце, ѕвонче и јаболкце наоколу по полите на наметката, за служба, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
27
Потоа направија хитони од ткаен висон за Арона и за синовите негови;
28
и кидар од висон и митра од висон, и долна облека од ткаен висон,
29
и појас за нив од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
30
И направија плочка, знак на светоста, од чисто злато, издлабија на неа писмо, како што се реже печат »Светост Господова«.
31
И врзаа за неа сина врвка, за да се врзува на кидарот одозгора, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
32
И така се сврши целата работа околу скинијата, скинијата на сведоштвото. И направија синовите Израилеви сѐ како што му беше заповедал Господ на Мојсеја, така направија.
33
И ја донесоа при Мојсеја скинијата, покривката и сите нејзини работи, кукичките, диреците, лостовите, столбовите и подножјата.
34
И покривката од кожи овнешки, црвени, и покривката од кожи фини и завесата за засолнување,
35
ковчегот на откровението со лостовите, и очистилиштето,
36
трпезата со сите нејзини принадлежности, и лебови за предложение,
37
свеќникот од чисто злато со неговите кандилца, кандилцата веќе наредени, и сите потреби негови, и елеј за светење,
38
жртвеникот златен, и елеј за помазание, кадиво мирисно, и завесата за влезот во скинијата,
39
жртвеникот од бакар и решетката од бакар за него, лостовите негови и сите принадлежности негови, мијалникот и подножјето негово,
40
завесите за дворот, столбовите за нив и подножјата нивни, и завесата за влезот во дворот, јажињата негови и колчињата негови, и сите потреби за служба во скинијата на сведоштвото;
41
одеждите богослужбени за служење во светилиштето, одеждите свети за свештеникот Арона и одеждите за синовите негови, за свештеничка служба.
42
Како што му беше заповедал Господ на Мојсеја, така ги направија синовите Израилеви сите тие работи.
43
И ги погледа Мојсеј сите тие работи, и ете, тие ги беа направиле: како што беше заповедал Господ, така ги беа направиле. И ги благослови Мојсеј.
← Chapter 38
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 40 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40