bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Exodus 16
Exodus 16
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 17 →
1
Од Елим се кренаа и целата заедница на синовите Израилеви дојде во пустињата Син, која се наоѓа меѓу Елим и Синај, во петнаесеттиот ден од вториот месец, откако излегоа од земјата Египетска.
2
И почна да се буни целата заедница на синовите Израилеви против Мојсеја и против Арона.
3
И им рекоа синовите Израилве: »О, да бевме умреле од раката Господова во земјата Египетска, кога седевме покрај котлите со месо и јадевме леб до насит! Нѐ изведовте овде во оваа пустиња, за да го умрете целово ова множество со глад.«
4
А Господ му рече на Мојсеја: »Еве, ќе пуштам да паѓа леб од небото, и народот нека излегува секој ден и нека собира колку што е потребно за тој ден, за да го испитам ќе постапува ли според законот Мој или не;
5
а во шестиот ден кога ќе го зготват она, што го собрале, и тоа ќе биде двојно од она, што го собираат секој ден.«
6
Тогаш Мојсеј и Арон му рекоа на целиот збор на синовите Израилеви: »Вечерва ќе познааете дека Господ ве изведе од земјата Египетска,
7
а утре ќе ја видите славата Господова; зашто Господ го чу негодувањето ваше против Бога. Што сме ние, та да се буните против нас?«
8
Потоа рече Мојсеј: »Вечерва Господ ќе ве даде месо да јадете, а утре изутрина леб до наситка; оти го чу Господ повикот ваш, што го дигнавте против Него. Кои сме ние? Вашиот повик не е против нас, туку против Бога.«
9
И му рече Мојсеј на Арона: »Кажи му на целото општество на синовите Израилеви –,застанете пред Бога, зашто Он го чу повикот ваш.«
10
И кога Арон му зборуваше на целото општество на синовите Израилеви, тие погледнаа кон пустињата, а тоа – славата Господова се појави во облак.
11
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
12
»Го чув негодувањето на синовите Израилеви. Кажи им и речи: ‚Вечерва ќе јадете месо, а утре ќе се наситите со леб, и ќе познаете дека јас сум Господ, Бог ваш.‘«
13
Вечерта долетаа потполошки и го прекрија таборот; а утрината беше паднала роса околу таборот.
14
И, ете, кога се крена росата, а тоа – по пустињата лежи нешто ситно, како коријандер, зрнесто, бело како слана по земјата.
15
И кога видоа синовите Израилеви, си велеа еден на друг: »Што е ова?« Оти не знаеја, што беше тоа. А Мојсеј им рече: »Тоа е лебот, што ви го даде Господ да го јадете.«
16
Еве како заповеда Господ: »Собирајте од него, секој колку што му треба за јадење – по еден гомор на лице, според бројот на членовите ваши; секој од вас со домашните собирајте.«
17
И направија така синовите Израилеви: собираа кај повеќе кој помалку.
18
Па мереа со гомор; и кој беше собрал повеќе, излишок немаше, а оној помалку, – немаше недостиг; секој собра онолку, колку што му требаше,
19
и им рече Мојсеј: »Никој да не остава од тоа за утре!«
20
Но тие не го послушаа Мојсеја, туку некои оставија од тоа за утре, а тоа мувлоса и се смириса. И се налути Мојсеј на нив.
21
И така тие го собираа секое утро рано, секој колку што имаше потреба; а кога сонцето ќе изгрееше, маната се топеше.
22
А во шестиот ден собраа од тој леб двојно повеќе – по два гомора за секого. И дојдоа старешините народни, па му јавија на Мојсеја.
23
А Мојсеј им рече: »Еве ја заповедта што ја кажа Господ – утре е саботен ден, свет одмор за Господа; што ќе печете – печете, и што треба да варите – варете денес; а што ќе преостане, соберете го и пазете го за утре!«
24
И оставија од него за утре, оти како што заповеда Мојсеј, и тоа не се смириса, ниту имаше црвја во него.
25
И рече Мојсеј: »Јадете го тоа денес, бидејќи е денес сабота посветена на Господа; денес нема да најдете мана во полето.
26
Шест дена ќе собирате, а седмиот ден е сабота, тогаш ќе ја нема.«
27
И на седмиот ден излегоа некои од народот да собираат, но не најдоа.
28
А Господ му рече на Мојсеја: »До кога ќе се противите на заповедите Мои и на законот Мој?
29
Ете, Господ ви дал денес сабота, затоа во шестиот ден и ви дава леб за два дена. Останете секој на своето место, и во седмиот ден никој да не го напушта местото свое.«
30
И се одмараше народот седмиот ден.
31
И синовите Израилеви тој леб го нарекоа мана. Тоа беше као семето коријандрово, бело, а по вкус како медено колаче.
32
Тогаш им рече Мојсеј: »Еве што заповеда Господ: ‚Наполнете еден гомор мана, за да се запази во родовите ваши, за да го видат лебот што го јадевте и со кој ве хранев во пустињата, кога ве изведов од земјата Египетска.‘«
33
И му рече Мојсеј на Арона: »Земи златен сад и стави во него еден гомор мана, и постави го пред Бога, за да се пази од колено до колено ваше.«
34
И го постави Арон пред ковчегот на сведоштвото, за да се чува, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
35
А синовите Израилеви јадеа мана четириесет години, додека не дојдоа во населена земја; јадеа мана додека не стигнаа до границата на земјата Хананска.
36
А гоморот е десетти дел од ефа.
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40