bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Exodus 26
Exodus 26
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 25
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 27 →
1
»Направи и скинија од десет платништа: од ткаен висон, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина; да направиш и херувими – извезена изработка.
2
Должината на секое платниште нека е дваесет и осум лакти, додека ширината на секе платниште – четири лакти; таа мерка да биде за сите платништа.
3
Петте платништа нека се придржуваат едно со друго, а петте други платништа нека се држат едно со друго.
4
И направи сини врвки по работ на првото платниште, од едната страна за соединување; така направи и по работ на последното платниште: каде што ќе се соединуваа двете половини;
5
педесет врвки направи на едно платниште, и песедет врвки направи по работ на другото платниште, каде што ќе се соединуваат со следното; да бидат едни спроти други, за да можат да се врзуваат.
6
Направи и педесет кукучки од злато и со кукичките соедини го едното платниште со другито; и така скинијата ќе биде целосна.
7
Потоа направи платништа од козина за покривање на скинијата; единаесет такви платништа направи.
8
Едното платниште да е долго триесет лакти, а широко секои платниште, четири лакти; таа мерка да биде за сите единаесет платништа.
9
И соедини ги петте платништа одделно, и шестте платништа одделно; шестото платниште кон влезот во скинијата свиткај го вудве.
10
Направи и педесет врвки по работ на крајот од едното платниште, каде што ќе се соединат, и педесет кукички по работ на крајот од второто платниште, каде што ќе се соединуваат.
11
И направи кукички педесет од бакар и состави ги кукичките со врвките, па соедини ги платништата, за да биде целина.
12
А остатокот од платништата на скинијата превиткај го, нека биде таа половина спуштена над скинијата од задната страна;
13
остатокот, пак, од должината на платништата на скинијата – лакот од едната страна и лакот од другата страна – нека бидат спуштени од страните на скинијата – од едната и од другата страна, за да ја покриват.
14
И направи покрив над скинијата од кожи овнешки, црвено обоени, како и покривала од сини кожи – одозгора.
15
Направи и столбови за скинијата од дрвото ситим:
16
десет лакти нека биде долг секој столб, а лакот и половина широк еден столб;
17
на секој столб нека има по два клина – еден спроти друг; така направи на секој столб за скинијата.
18
Така направи столбови за скинијата: дваесет столбови од страната што е на југ,
19
а под дваесетте столбови направи четириесет подножја од сребро: две подножја на еден столб за обата краја негови, и две подножја под другиот столб за обата краја негови;
20
и дваесет столбови за другата страна на скинијата, од север,
21
со четириесет подножја сребрени: две подножја на еден столб и две подножја под друг столб.
22
А од задната страна на скинијата – што е од кај морето, направи шест столбови.
23
И направи два столба за аглите на скинијата од задната страна;
24
тие да бидат одоздола, а одозгора да се соединуваат со алка; така нека биде со двете; тие нека бидат за обата агла;
25
и така ќе има осум столба со шеснаесет подножја сребрени: по две подножја под еден столб, и по две подножја под друг столб – на обата краја негови.
26
Понатаму направи напречници од дрвото ситим, пет напречни столбови од едната страна на скинијата,
27
и пет напречници на столбот од другата страна на скинијата, и пет напречници на столбот од задната страна на скинијата, што е кон морето;
28
а средниот напречник да минува преку средината на столбот, од едниот крај до другиот.
29
Столбовите позлати ги со злато, а и алките за нив направи ги со злато, во кои ќе со провлекуваат напречниците; па и напречниците да ги позлатиш со злато.
30
Така ќе ја направиш скинијата според образецот, што ти беше покажан на планината.
31
И направи завеса од сина, црвена и од темноцрвена ткаенина и ткаен висон, и на неа нека има уметнички извезени херувими.
32
И закачи ја на четирите столба од дрвото ситим, опковани со злато, нивните врвови златни, а нивните подножја – сребрени.
33
Потоа обеси ја зевесата на кукички, и обеси ја така таму завесата до ковчегот на сведоштвото, и завесата ќе го одделува светилиштето од свјатаја свјатих.
34
И со завеса покриј го ковчекот на сведоштвото во свјатаја свјатих.
35
Намести и трпеза пред завесата и светилник спрема трпезата, од јужната страна на скинијата, а трпезата постави ја на северната страна.
36
И направи завеса за влезот во скинијата од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон.
37
За таа завеса ќе направиш пет столбови од дрвото ситим, опковани со злато и со врвови златни; па ќе им излиеш за нив и пет подножја од бронза.
← Chapter 25
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 27 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40