bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Exodus 29
Exodus 29
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 28
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 30 →
1
»А еве што да направиш над нив, за да ги посветиш за Мои свештеници да Ми свештенодејствуваат: земи теле од говедата и два овна здрави,
2
и весквасни лебови, замесени со масло, и питки бесквасни намачкани со масло; од брашно пченично направи ги.
3
Стави ги во една кошница, и принеси ги во кошницата, заедно со телето и двата овна.
4
Доведи го Арона и синовите негови пред влезот на скинијата на сведоштвото, и измиј ги со вода.
5
А откако ќе ги земеш светите одежди, облечи го Арона, братот твој, во хитон и во ефод, со ефодот и со наградникот и опаши го преку ефодот;
6
стави му ги на глава кидарот, а на кидарот прицврсти го венецот на светоста.
7
И земи елеј за помазание, излеј на главата негова и помажи го.
8
Потоа доведи ги синовите негови и облечи ги во хитоните.
9
И опаши ги со појаси, и стави им ги кидарите на главата, па свештенството нека им припаѓа вечно. Така ќе ги посветиш рацете на Арона и на неговите синови.
10
Потоа доведи го телето пред врата на скинијата на сведоштвото, и Арон и синовите негови нека ги положат рацете свои врз главата на телето, пред Господа.
11
И заколи го телето пред Господа, при вратата во скинијата на сведоштвото,
12
и земи крв од телето и со твојот прст помажи ги роговите на жртвеникот, а остатокот од крвта, сета излиј ја во подножјето на жртвеникот.
13
Потоа земи го сиот лој што ја обвива внатрешноста, кошулката на црниот дроб и обата бубрега со лојот околу нив, и запали ги на жртвеникот.
14
А месото од телето, кожата негова и нечистотиите изгори ги на оган надвор од таборот. Тоа е жртва за гревот.
15
Потоа земи го едниот овен, и Арон и синовите негови нека ги положат рацете свои врз главата на овенот;
16
па заколи ги, земи крв од него и со неа полиј го жртвеникот од сите страни;
17
овенот, пак, исечи го на делови, измиј ја внатрешноста и нозете негови во вода, и стави ги расечените делови со главата,
18
и изгори го целиот овен на жртвеникот. Тоа е жртва сепаленица пред Господа за мирис благопријатен, жртва на Господа.
19
Земи го потоа и другиот овен, та Арон и синовите негови нека ги положат рацете свои на главата на овенот;
20
заколи ги и земи од неговата крв, па помажи го со неа крајчето од десното уво на Арона, и крајчето на десната рака на Арона, и крајчето и крајот од десното уше на синовите негови, а и палецот на десната рака нивна, и палецот од десната нога нивна; а со крвта, што ќе преостане, попрскај го жртвеникот од сите страни.
21
Потоа земи од крвта, што е на жртвеникот и елеј за помазание, и попрскај го Арона и одеждите негови, и синовите негови и одеждите нивни – па ќе бидат осветени тој и одеждите негови, и синовите негови и одеждите на синовите негови со него; крвта од овенот излиј ја веднаш на жртвеникот наоколу.
22
Освен тоа, земи лој од овенот и лојта што ја обвива внатрешноста негова, како и кошулката од црниот дроб и обата бубрега и лојта што е на нив, и десната плешка; тоа е овен за посветување;
23
и еден леб со масло, и една питка од кошницата со бесквасни лебови, приложена пред Господа.
24
Сето тоа стави го врз рацете на Арона и врз рацете на синовите негови, и принеси го тоа пред Господа како жртва приносна со подигање.
25
Потоа земи им го тоа од рацете нивни, и принеси го на жртвеникот, над жртвата сепаленица, за да биде мирисот благопријатен пред Господа: тоа е принос пред Господа.
26
И земи ги градите од овенот за Ароновото посветување и донеси ги како жртва приносна пред Господа – и тоа ќе биде твој дел.
27
Така ќе ги осветиш градите како жртва вртена и плешките како жртва вознесена, што се оддели од овенот на приносот отсечена за посветување на Арона и на синовите негови;
28
и тоа нека биде за Арона и за синовите негови вечен закон од синовите Израилеви, бидејќи тоа е вознесение; тоа вознесение треба да го прават синовите Израилеви при благодарствените жртви; нивното вознесение е дар за Господа.
29
А светите одежди Аронови по него нека преминат на синовите негови, за да бидат во нив помазувани и во нив да се посветуваат за свештеници.
30
Седум дена нека се облекува во нив великиот свештеник, оној, кој на неговото место ќе биде свештеник од синовите негови, кој ќе влегува во скинијата на сведоштвото за да служи во светилиштето.
31
А овенот за посветување земи го и месото негово свари го на светото место;
32
и Арон и синовите негови нека го изедат месото од тој овен со лебовите од кошницата при влезот во скинијата на сведоштвото.
33
Нека јадат од она што послужило за нивното посветување, рацете да им бидат исполнети со власт и да бидат посветени; но човек друг да не јаде, зашто тоа е света работа;
34
а и ако остане нешто од месото на жртвата за посветување, или од лебовите до изутрина, остатокот изгори го на оган; тоа не треба да се јаде, зашто е осветувано.
35
И направи така со Арона и со синовите си онака како што ти заповедав. Седум дена посветувај ги рацете нивни.
36
Теле заради гревовите да принесуваш во денот на очистувањето; и да го очистиш жртвеникот, кога осветуваш на него, и помажи го за да биде осветен.
37
Седум дена ќе го очистуваш жртвеникот и ќе го осветуваш, и жртвеникот ќе бидеа свјатаја свјатих; секој што ќе се допре до жртвеникот, ќе се освети.
38
А еве што ќе принесуваш на жртвеникот: две јагниња здрави од една година, секој ден на жртвеникот жртва без прекин.
39
Едното јагне принесувај го наутро, а другото принесувај го навечер;
40
и уште по една десетина ефа пченично брашно измешано со четврт ин масло, а за преливање – четврт ин вино, за едно јагне;
41
а другото јагне принесувај го навечер: како утринската жртва, и со си за преливање принесувај го, за да биде мирисот благопријатен принос на Бога.
42
Тоа нека биде постојана жртва во поколенијата ваши пред вратата од скинијата на сведоштвото пред Господа, каде што ќе ти се јавувам, за да зборувам со тебе.
43
И таму ќе им се јавувам на синовите Израилеви, и ќе се осветува местото со славата Моја.
44
А ќе ги осветам скинијата на сведоштвото и жртвеникот; и Арона и синовите негови ќе ги осветам, за да Ми свештенодејствуваат.
45
Ќе пребивам меѓу синовите Израилеви и ќе им бидам Бог,
46
и ќе познаат дека Јас сум Господ, Бог нивни, Кој ги изведов од земјата Египетска за да пребивам меѓу нив. Јас сум Господ, Бог нивни.«
← Chapter 28
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 30 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40