bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Ezra 10
Ezra 10
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
1
Додека Ездра така се молеше И исповедаше, плачејќи и лежејќи пред Божјиот дом, се собра кај него многуброен народ од Израилот, мажи, жени и деца, зашто и народот плачеше многу.
2
Тогаш се јави Сехенија, синот Јеилев од синовите Еламови, и му рече на Ездра: »Згрешивме пред нашиот Бог, зашто земавме жени од народите на таа земја, но уште има надеж за Израилот во таа работа;
3
да се заветува сега пред нашиот Бог, дека ќе ги отпуштиме сите другоплемени жени и родените од нив деца, – и нека биде по законот на нашиот Бог, и според законот нека биде.
4
Стани, зашто ова е твоја работа, и ние сме со тебе: биди храбар и работи!«
5
Тогаш стана Ездра и им порача на старешините над свештениците, левитите и над сиот Израил да положат клетва, дека ќе направат така. И тие се заколнаа.
6
Стана Ездра и тргна од Божјиот дом кон зградата на ризницата при Јоханана, Јелисувавиот син, и стигна таму. Леб не јадеше и вода не пиеше, зашто плачеше поради претстапите на преселниците.
7
И им соопштија по Јудеа и во Ерусалим на сите, што беа во пленство, да се соберат во Ерусалим,
8
а на оној што не ќе дојде за три дни, ќе му се одземе имотот, по решение на кнезовите и старешините, целиот имот негов, а самиот тој ќе биде отсранет од општеството на преселниците.
9
И во тие три дни се собраа во Ерусалим сите жители на Јудеа и на земјата Венјаминова. Тоа беше во деветтиот месец на дваесеттиот ден од месецот. Седеше сиот народ на плоштадот пред Божјиот дом и трепереше, како поради таа работа, така и од дождот.
10
Тогаш свештеникот Ездра стана и им рече: »Вие направивте престап, земајќи жени од други племиња и со тоа ја зголемивте вината на Израилот;
11
затоа, покај те се пред Господа Бога на вашите татковци, и исполнете ја волјата Негова, одвојте се од народите на таа земја им од жените од други племиња.«
12
Целото собрание одговори и рече со силен глас: »како што рече, така и ќе направиме.
13
Но народот е многуброен, и времето е сега дождовно, та неможе да се стои на улица. Па и таа работа не е ни за ден, ниту за два, зашто ние згрешивме многу во таа работа.
14
Нека се изберат заменици на кнезовите за целото општество, и сите во нашите градови, што зеле жени од други племиња, да доаѓаат тука во определено време заедно со старешините и судиите на секој град, додека не се одврати од нас пламнатиот гнев на нашиот Бог поради таа работа.«
15
Тогаш се зафатија со таа работа Јонатан, син Асаилов, И Јасија, син Текуев, а Месолам И Саватај, левит, беа нивни помошници.
16
Така направија дојдените од пленство. За тоа беа одредени: свештеникот Ездра, началниците од секое нивно поколение, и старешините на нивните домови сите по име. Тие се собраа на заседание во првиот ден на десеттиот месец, за да ја испитаат таа работа;
17
и го извршија испитувањето за сите, што беа зеле жени од други племиња, кон првиот ден од првиот месец.
18
И се најдоа од свештеничките синови, што беа зеле жени од други племиња, – од синовите на Исуса, синот Јоседеков и бараќата негови: Маасија, Елиезер, Јарим и Гадалија;
19
тие ја дадоа раката своја за уверување, дека ќе ги напуштат жените свои и дека, како виновни, ќе принесат жртва по еден овен за вината своја;
20
Од Имеровите синови: Ананиј и Завдија;
21
Од Харимовите синови: Маасија, Елија, Самија, Јеил и Озија;
22
Од Пасхоровите синови: Елиоинај, Масија, Исмаил, Натанаил, Јозавад и Еласа;
23
Од левитите: Јозавад, Симеј и Ќелаја, тој е и Ќелит, Патахија, Јуда и Елиезер;
24
Од певците: Елисав; Од вратарите, Салум, Телем и Уриј;
25
А од Израилиците, – Фаресовите синови: Рамија, Азија, Мелхија, Мелмин, Елеазар, Асавија и Венеја;
26
Од синовите Иламови: Матанија, Захарија, Јаил, Авдиј, Јеримот и Елија;
27
Од синовите Затуеви: Елионај, Елисув, Матанај, Армот, Завад и Озиз;
28
Од синовите Вавениеви: Јоанан, Ананија, Завуј и Атлај;
29
Од синовите Вануеви: Месолам, Малух, Адаја, Јасуф, Саал и Римот;
30
Од синовите на Фат-Моава: Еднеа, Халил, Ванаја, Маасија, Матанија, Веселеил, Вануј и Манасија;
31
Од синовите Иримови: Елиезер, Јесија, Мелхија, Самаја, Симеон.
32
Венјамин, Валух, Самарија;
33
Од синовите Асимови: Метанија, Матата, Завад, Елифелет, Јеремај, Манасија и Семеј;
34
Од синовите Ваниеви: Мадија, Амрам и Уил.
35
Ванаија, Вадаја, Хелија,
36
Ванија, Маримот, Елијасиф,
37
Матанија, Матанај, Јаасај,
38
Синови Ваниеви, и синови Семееви,
39
Салемија, Натан, Адаија,
40
Махнада, Авусесеј, Аруесрил,
41
Азариел, Селемиј, Семарија,
42
Салум, Амарија и Јосиф
43
Од синовите Невови: Јеил, Мататија, Завад, Зевенај, Јадај, Јоил и Ванеја.
44
Сите тие си беа зеле жени од други племиња, а некои од тие жени им беа родиле и деца.
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10