bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Ezra 3
Ezra 3
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 4 →
1
Кога настапи седмиот месец, и синовите Израилеви веше беа по градовите, народот се собра како еден човек во Ерусалим.
2
Тогаш стана Исус, синот Јосадеков, и браќата негови, свештеници, и Зоровавел, синот Салатилов, и браќата негови, и му изградија на Бога Израилев жртвеник, за да принесуваат на него сепаленици, како што е пишано во законот на Мојсеја, човекот Божји.
3
Го поставија жртвеникот врз основите негови, бидејќи се плашеа од другоземните народи; и почнаа да принесуваат на него сепаленици на Господа, сепаленици утрени и вечерни.
4
И го празнуваа празникот Сеници, како што беше заповедано, со секојдневните сепалениси во определен број според уставот за секој ден.
5
Потоа редовно принесуваа сепаленици и во новомесечијата, и во сите празници, посветени на Господа, како и доброволни приноси на Господа од секого, кој што сакаше.
6
А од првиот ден на седмиот месец почнаа да му принесуваат сепаленици на Господа. Но на Господовиот храм уште не му беа поставени темелите.
7
И почнаа да даваат пари на каменоделци и дрводелци, и јадење, пиење и масло на Сидонци и Тирци, за да донесат кедрово дрво од Ливан по море во Јафа, со дозвола од Кира, царот персиски.
8
На втората година по доаѓањето во домот Господов во Ерусалим, на вториот месец, Зоровавел, синот Јоседеков, и другите нивни браќа, свештениците и левитите, и сите, што беа дошле од пленство во Ерусалим, ставија почеток и поставија левити од дваесет години и нагоре, што ќе ги надгледуваат работите при домот Господов.
9
И се зафатија Исус, синовите негови и браќата негови, Кадмил и синовите негови, – синови Јудини – како еден човек за да ги надгледуваат работниците при домот Господов, а исто така и синовите Инададови, синовите нивни и браќата нивни – левитите.
10
Кога ѕидарите ги положија основите на храмот Господов, поставија свештеници, со одеждите нивни и со труби, и левити – синови Асафови – со кимвали, за да го слават Господа по уставот на Давида, царот Израилев.
11
И почнаа да пејат по ред »хвалете« и »славете Го Господа, зашто е благ, зашто милоста Негова кон Израила е до века.« И сиот народ воскликнуваше громогласно, славејќи Го Господа поради тоа што беа поставени темелите на Господовиот дом.
12
Меѓутоа, мнозина свештеници и левити и старешините на родовите, старци, кои го беа виделе поранешниот храм, кога се градеше новиот храм пред очите нивни, плачеа гласно, но мнозина и подвикнуваа силно од радост.
13
И народот не можеше да ги разликува радосните извици од плачот на народот, зашто нароот викаше силно и гласот негов се слушаше надалеку.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10