bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Ezra 7
Ezra 7
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 8 →
1
По тие настани, во царувањето на Артаксеркса, царот персиски, Ездра – синот Сареов, син на Азарија, син на Хелкија,
2
син на Селума, син на Садока, син на Ахитува,
3
син на Самарија, син на Азарија, син на Мареота,
4
син Зараиев, син Езеев, син Вокиев,
5
син Ависуев, син Финесов, син Елеазаров, син на првосвештеникот Арона, –
6
тој Ездра излезе од Вавилон. Тој беше книжник и го знаеше законот Мојсеев, даден од Господа, Бога Израилев. Царот му даде си по желбата негова, зашто раката на Господа, неговиот Бог, беше над него.
7
Со него отидоа во Ерусалим и некои синови Израилеви, и свештеници, и левити, и певци, и вратари, и Нетинејци во седмата година на царот Артаксеркс.
8
Тој дојде во Ерусалим во петтиот месец, во седмата година на царот.
9
Бидејќи во првиот ден од првиот месец беше почнало излегувањето од Вавилон, а во првиот ден од петтиот месец тој дојде во Ерусалим: благодатната рака на неговиот Бог беше над него.
10
Зашто Ездра го беше управил срцето свое да го изучува законот Господов и да го извршува и да го учи Израилот во законите и уредбите.
11
Еве ја содржината на писмото, што цар Артаксеркс му го даде на Ездра, свештеник и книжник, кој го учеше Израилот на заповедите Господови и на законите Негови:
12
Артаксеркс, цар над царевите, до Ездра свештеникот, совршениот учител во законот на небесниот Бог денес.
13
Дадов заповед, во царството мое секој од народот Израилев и од неговите свештеници и левити, што сака да оди во Ерусалим, нека појде со тебе.
14
Бидејќи си испратен од царот и од седумте негови советници, да ги надгледаш Јудеја и Ерусалим во законот на твојот Бог, кој што е во раката твоја,
15
и да го однесеш среброто и златото, кое царот и советниците го жртвуваа на Бога Израилев, Чие живеалиште е во Ерусалим,
16
и сето сребро и злато, што ќе го собереш по целата област Вавилонска, заедно со доброволните приноси од народот и свештениците, што ќе жртвуваат за домот на својот Бог, Кој е во Ерусалим, –
17
тоа веднаш купи за тие пари волови, овни, јагниња и лебни приноси кон нив, и преливи за нив, и принеси ги на жртвеникот во домот на вашиот Бог во Ерусалим.
18
А она што ти и браќата твои ќе најдете дека е добро да направите од останатото сребро и злато, според волјата на вашиот Бог направете.
19
Садовите, пак, што ти беа дадени за служби во домот на твојот Бог, постави ги пред Бога Ерусалимски.
20
И си друго, што е потребно за домот на твојот Бог, она за што го сметаш дека е неопходно, давај од домот на царските сокровишта.
21
А јас, царот Артаксеркс, давам заповед до сите ризничари, што се од онаа страна на реката – си, што ќе посака од вас Ездра, свештеник и учител по законот на Бога небесен, без двоумење давајте:
22
сребро до сто таланти, пченица до сто кора, вино до сто бата и пак до сто бата масло, а сол – без да се определува количеството.
23
Си, што е заповедаво од Бога небесен, треба да се врши грижливо за Неговиот дом, и гледајте, некој да не протегне рака врз домот на Бога небесен, за да не падне гневот Негов врз царството, царот И синовите негови.
24
Го кажавме да знаете, дека на никого од свештениците и левитите, певците, вратарите, Нетинејците и оние што служат при тој дом Божји нема да им се наложува данок, ни десеток, ни царина.
25
А ти, Ездра, според мудроста на твојот Бог, која е во раката твоја, судат сиот народ од онаа страна на реката, – сите што ги знаат законите на твојот Бог, а кои не знаат, учете ги.
26
И кој не го исполнува законот на твојот Бог и законот царски, тој без одлагање да се осуди, било на смрт, било на заточение, било на парична глоба, или на затвор во темница.
27
Нека е благословен Господ, Бог на татковците наши, Кој вложи во срцето на царот да го украси домот Господов, што е во Ерусалим,
28
И Кој ја управи кон мене милоста на царот, на советниците негови и на сите силни кнезови царски! И јас са охрабрив, бидејќи раката на Господа, мојот Бог, беше над мене, и ги собрав кнезовите Израилеви, за да одат со мене.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10