bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Ezra 8
Ezra 8
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 9 →
1
Еве ги старешините на домовите и родословите на оние, кои со мене излегоа од Вавилон, во царувањето на царот Артаксеркс:
2
од Финесовите синови – Гирсон; од Итамаровите синови – Даниил; од Давидовите синови – Атус;
3
од Саханиевите синови, од Форосовите синови – Захарија и со него по список сто и педесет мажи;
4
од Фат-Моавите синови – Елијан, син Зераев, и со него двесте души од машки пол;
5
од синовите на Затојас – Сехенија, син Азиилев, и со него триста мажи;
6
од Адиновите синови – Овин, син Јонатанов, и со него педесет души од машки пол;
7
од Еламовите синови – Исаија, син Аталиин, и со него седумдесет мажи;
8
од Сафатиевите синови – Завдија, син Михаилов, и со него осумдесет души од машки пол;
9
од Јоавовите синови – Авдија, син Јеилев, и со него двесте и осумдесет мажи;
10
од синовите на Ваанија – Селимут, син Јосефиев, и со него сто и шеесет души од машки пол;
11
од Вавиевите синови – Захарија, син Вавиев, и со него дваесет И осум мажи;
12
од Азгадовите синови – Јоанан, син Икатанов, и со него сто и десет души од машки пол;
13
од синовите Адоникамови излегоа последни од нив; еве ги имињата нивни: Едифалат, Јеил, и Самаја, и со нив шеесет мажи;
14
од Вагуевите синови – Утај и Завуд, и со нив седумдесет души од машки пол.
15
Ги собрав кај реката, која што се влива во Ава, и таму престојувавме три дена, и, кога го прегледав народот и свештениците, не најдов таму од Левиевите синови.
16
Тогаш испратив да го повикаат Елеазера, Ариила, Семеја, Елнатана, Јарива, Натана, Захарија и Месолама – старешините, и Јоарима и Елнатана – учените;
17
и им дадов порака за Идо, началникот во месноста Касфија, и ги поучив како да му зборуваат на Идоа и на браќата негови, Нетинејците во месноста Касфија, за да ни доведат певци за домот на нашиот Бог.
18
И тие ни доведоа – бидејќи благодатната рака на нашиот Бог беше над нас – еден умен човек од синовите на Махлија, син Левиев, син Израилев, односно Серевија со синовите негови и браќата негови – осумнаесет души;
19
и Асевија и со него Исаија од синовите Мерариеви, неговите браќа и нивните синови – дваесет;
20
И од Нетинејците, што ги беше дал Давид И кнезовите негови за послуга на левитите, двесте И дваесет Нетинејци; сите тие беа запишани поименично.
21
Тогаш објавив таму пост при реката Ава, за да се смириме пред лицето на нашиот Бог И да измолиме од него успешен пат за себеси, за децата свои И за целиот наш имот,
22
бидејќи ми беше срам да барам од царот војска И коњаници да ни чуваат од непријател по патот, зашто ние, кога зборувавме со царот, рековме: »раката на нашиот Бог е благодатна за сите, а над сите, што Го оставаат, стои силата Негова И гневот Негов!«
23
И така ние постевме и го молевме нашиот Бог за тоа, и Он ни услиши.
24
Тогаш одвоив дванаесет души од началниците над свештениците: Сариаја и Асавија, и со нив десетина од браќата нивни;
25
и им го предадов со мера среброто и златото и садовите, – си што беше жртвувано за домот на нашиот Бог, она што го жртвуваа царот, советниците негови, кнезовите негови и Израилци, што беа таму.
26
И им предадов во рацете нивни со мерка: сребро – шестотини и педесет таланти, и сребрени садови – за сто таланти, злато – сто таланти,
27
златни чаши – дваесет, за илјада драхми, и два сада од најдобар, блескав бакар, ценет како злато.
28
И им реков: »Вие сте светиња на Господа, и садовите се светиња, и среброто и златото – доброволен прилог на Господа, Бог на татковците ваши.
29
Бидете будни и запазете го тоа, додека го предадете со мерка на началниците над свештениците, левитите и старешините Израилеви во Ерусалим, во ризницата при домот Господов.«
30
Свештениците и левитите го примија измереното сребро, злато и садови, за да ги однесат во Ерусалим, во домот на нашиот Бог.
31
Тогаш тргнавме од реката Ава на дванаесеттиот ден од првиот месец, за да одиме во Ерусалим; и раката на нашиот Бог беше над нас и ни чуваше од непријателска рака и од оние, што ни зачекуваа на патот.
32
И стигнавме во Ерусалим, каде што престојувавме три дни.
33
На четвртиот ден го предадовме со мера среброто, златото и садовите ве домот на нашиот Бог во рацете на свештеникот Маримота, син Уриев, и со него на Елеазара, син Финесов, и со нив на Јозавада, син Исусов, и на Ноадија, син Ванаев – левити,
34
си под број и со мера. И сето измерено беше истовремено запишано.
35
Дојдените преселеници од пленство Му принесоа сепаленици на Бога Израилев дванаесет телиња за сиот Израил, деведесет и шест овни, седумдесет И седум јагниња и дванаесет козли како жртва за грев: сето тоа за сепаленици на Господа.
36
И ги предадоа царските заповеди на царските сатрапи и на задречните кнезови, и тие го почитуваа народот и домот Божји.
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 9 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10