bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Ezra 5
Ezra 5
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 6 →
1
Но пророкот Агеј и пророкот Захарија, син Адов, им пророкуваа на Јудејците во Јудеја и во Ерусалим во името на Бога Израилев.
2
Тогаш станаа Зоровавел, синот Салатилов, и Исус, синот Јосадеков, и почнаа да градат Божји дом во Ерусалим, и со нив Божјите пророци, кои што ги поддржуваа.
3
Во тоа време дојдоа при нив Татнај, кнезот од оваа страна на реката, и Сатар-Вузанај, со другарите свои, и им рекоа вака: »Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидишта?«
4
Тогаш ние им ги кажавме имињата на луѓето, што ја градеа таа зграда.
5
Но окото на нивниот Бог беше врз старешините Јудејски, и тие не им се заканија, додека работата не отиде до Дарија, и додека не дојде решение за таа работа.
6
Еве ја содржината на писмото, што го испрати Татнај, задречен кнез, и Сатар-Вузанај со другарите свои – Афарсахејци, од онаа страна на реката, до царот Дарија.
7
Во соопштението, што го испратија до него, еве што беше напишано: »До царот Дариј – секаков мир!
8
Да знаеш, цару, дека ние бевме во Ерусалимската област при домот на великиот Бог; го градат со големи камења, а во ѕидиштата ставаат дрвја; таа работа врви брзо и успева во рацете нивни.
9
Тогаш ги прашавме нивните старешини и им рековме вака: ‚Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидови?‘
10
Освен тоа, ги прашавме и за имињата нивни, за да ти јавиме и да ти го напишеме името на главниот меѓу нив.
11
Тие ни одговорија со овие зборови: ‚Ние сме слуги на Бога на небото и земјата и градиме дом, што беше изграден многу години пред тоа, – а великиот цар Израилев го градеше и го доврши.
12
А кога татковците наши го разгневија Бога небесен, Он ги предаде во раката на Навуходоносора, царот вавилонски, Халдеец; тој го разруши овој дом и го пресели народот во Вавилон.
13
Но во првата година на Кира, царот вавилонски, цар Кир дозволи да се изгради овој дом Божји;
14
уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени, што Навуходоносор ги беше земал од ерусалимскиот храм, па ги беше однел во вавилонскиот храм, – цар Кир ги изнесе од вавилонскиот храм и ги даде со број на Саванасар, управникот на ризницата,
15
и му рече: – земи ги тие садови, и однеси ги во ерусалимскиот храм, и Божјиот дом нека се гради на своето место.
16
Тогаш овој Саванасар дојде и ги постави темелите на Божјиот дом во Ерусалим; оттогаш па досега се гради и уште не е завршен.‘
17
И така, ако му е угодно на царот, нека се побара во домот на царските скровишта, таму во Вавилон, дали навистина цар Кир дозволил да се гради овој дом Божји во Ерусалим, и нека ја испратат царската волја за тоа.«
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10