bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Judges 14
Judges 14
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 15 →
1
И отиде Самсон во Тамната и виде во Тамната мома од филистејските ќерки.
2
Тој отиде и им јави на татка си и на мајка си и рече: »Видов во Тамната девојка од филистејските ќерки; земете ми ја за жена«.
3
Татко му и мајка му рекоа: »Зар нема мома меѓу ќерките на браќата твои и во сиот народ, па одиш да земеш жена од необрезаните Филестејци?« А Самсон му одговори на татка си: »Неа земи ја за жена, бидејќи таа ми се свиде.«
4
Татко му и мајка му на знаеја дека тоа е од Господа, и дека тој бара случај да им се одмазди на Филистејците. Во тоа време Филистејците владееја над Израилот.
5
И отиде Самсон со татка си и мајка си во Тамната, и кога се приближуваа до Тамнатските лозја, ете еден млад лав, рикајќу му доаѓа во пресрет.
6
И Духот Господов слезе врз него, и тој го раскина лавот како јаре; а во раката негова немаше ништо. И не им кажа на татка си и мајка си, што направи.
7
И дојде и поразговара со девојката, и таа му се допадна на Самсона.
8
По неколку дена, тој пак отиде, за да ја земе, и наврати да го види трупот на лавот, и ете, рој пчели на трупот од лавот и мед.
9
Тој зеде од медот во рацете свои, тргна и јадеше по патот; и кога дојде кај татка си и мајка си, им даде и ним, и тие јадеа; но не им кажа дека тој мед го зел од трупот на лавот.
10
Дојде и татко му кај девојката, и таму Самсон приреди седумдневна гозба, како што обично прават младоженците.
11
И штом го видоа таму, избраа триесет брачни другари, кои ќе бидат при него.
12
И им рече Самсон: »Ќе ви поставам една гатанка: ако ми ја одгатнете во текот на седумте дена на гозбава и ја погодите точно, ќе ви дадам триесет кошули и триесет промени;
13
ако, пак, не можете да ја одгатнете, вие ќе ми дадете триесет кошули и триесет промени.« Тие му рекоа: »Постави ја гатанката, да ја чуеме.«
14
И им рече: »Од јадачот излезе јадење, и од силниот излезе слатко.« И три дена не можеа да ја одгатнат гатанката.
15
На седмиот ден тие ѝ рекоа на Самсоновата жена: »Потсети го мажот твој, да ни ја одгатне гатанката; инаку ќе те изгориме со оган тебе и домот на таткото твој; зар нѐ поканивте да нѐ оберете.«
16
И плачеше пред Самсона жената негова, велејќи: »Ти ме мразиш и не ме сакаш; ти им зададе гатанка на синовите на мојот народ, а мене не ми ја одгатнуваш.« Тој ѝ рече: »На татко ми и на мајка ми јас не им ја одгатнав, на тебе ли да ти ја кажам?«
17
И плачеше таа пред него седум дена, додека траеше гоштевањето нивно. Најпосле на седмиот ден тој ѝ ја одгатна, бидејќи таа упорно го молеше. А таа им ја кажа гатанката на синовите на својот народ.
18
И на седмиот ден пред зајдисонце му рекоа граѓаните: »Што е послатко од мед, и што е посилно од лав?« Тој им рече: »Да не бевте орале со мојата јунечка, немаше да ја одгатнете гатанката моја.«
19
И Духот Господов слезе врз него, и тој отиде во Аскалон, каде што уби триесет души, ги соблече од нив алиштата, им ги даде промените на оние, што ја беа одгатнале гатанката; и се расрди многу, па отиде во куќата на таткото свој.
20
А жената на Самсон се омажи за неговиот свадбен другар, кој му беше пријател.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21